23.05.2012, 09:53 Холандија потклекна пред македонските надежи
Триумфот на нашата репрезентација од 1:0 во Инсбрук и го донесе Трајковски во 82. минута
Македонската репрезентација на Македонија синоќа во Инсбрук ја совлада селекцијата на Холандија со 1:0 со голот на Трајковски во 82 минута со што ја продолжи извонредната серија резултати, 14 средби без пораз.
Во многу борбена фудбалска претстава која наликуваше на првенствена нашата репрезентација одигра извонредно на тактички план и му дозволи на холандскиот тим кој настапи во најсилниот состав да упати само два удари кон голот на Гачевски додека нашата репрезентација имаше дури 7 убави шанси преку Трајковски, Алтипармаковски, Тимов...
Се играше остро со многу дуели и поради повреда предвреме теренот го напушти Филип Најдовски.
Македонија на оваа средба настапи во следниот состав: Гачевски, Брдаревски, Богдановиќ, К. Ристевски, Силјановски, Ф. Најдовски, Хусмани, Д. Бабунски, Трајковски, Алтимпарковски и Тимов. Играа уште и Христов, Ѓорѓиевски и Мицевски.
- Одигравме одличен контролен дуел какви што и се потребни на нашата селекција и на овие млади фудбалери. Она што ме радува е што сите играчи кои добија шанса покажаа карактер и ја играа нашата игра спроведувајќи ги одлично тактичките замисли. Игравме мотивирано и без респект против извонредно силен и квалитетен противник иако ни недостасуваа многу стандардни репрезентативци. Очекувам во ист стил да одиграме и против Албанија што ќе биде само позитивно искуство пред важните квалификациски дуели на Ф. Острови и во Данска-изјави по мечот селекторот Бабунски.
Ова е прва победа на Македонија во 5-иот дуел со Холандија во оваа категорија. Следниот дуел е исто така во Инсбрук со Албанија на 25-ти Мај.
|