24.05.2012, 11:18 Токио, Мадрид и Истанбул останаа во трка за ЛОИ 2020
Меѓународниот олимписки комитет од понатамошната трка ги елиминира Доха и Баку. Одлуката кој ќе биде домаќин ќе биде донесена на 7. септември, 2013 година
За организација на Олимписките игри 2020 година ќе се борат Токио, Мадрид и Истанбул, одлучи извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет во Квебек.
Меѓународниот олимписки комитет од понатамошната трка ги елиминира Доха и Баку.
Одлуката кој ќе биде организатор на Олимписките игри ќе биде донесена на генералното собрание на Меѓународниот олимписки комитет на 7 септември, 2013 година.
Доха и Баку по втор пат по ред немаа успех во кандидатуирата за ОИ, бидејќи беа кандидати и за Игрите во 2016. година.
|