Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.05.2012, 20:01

Црвенковски го внесе идентитетот во разговорите со Грција



Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека ставот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски оти се залага за решение за името кое нема да задира во идентитетот е лицемерен затоа што тој во 2005 година прифатил предлог даден од медијаторот Метју Нимиц со кој беше доведен во прашање идентитетот, а исто така знае и дека Грција веќе подолг период е забетонирана на сопствените позиции што го засегаат и идентитетот.

- Истиот тој Црвенковски во 2005 година кога беше даден еден предлог од Метју Нимиц со кој што беше доведен во прашање идентитетот тој го прифати. Јас тогаш се спротивставив и јавно го кажав тоа. Има снимки за тоа дека единствено ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека предлогот е проблематичен во однос на идентитетот, во однос на македонскиот јазик. Но, СДСМ го прогласи за дотогаш најдобар предлог и го прифати и имавме жесток напад зошто ние не го прифативме најдобриот можен предлог што ни бил даден дотогаш. Така што на тој начин ја начна и ја загрози позицијата на Македонија што јавно прифатија еден прилично проблематичен предлог во однос на идентитет. Сега во улога на претседател на СДСМ како опозициска партија настапува прилично лицемерно кажувајќи го ова кога самиот тој пред шест, седум години прифати нешто што беше проблематично за идентитетот, изјави премиерот Никола Груевски по посетата на Институтот за хемија при ПМФ каде беа предадени во употреба две нови најсофистицирани лаборатории.

Тој посочи оти позицијата на Грција е јасна и јавна, оти се забетонирани на таа позиција.

- Нема никакво поместување бидејќи се во еден дополнителен хаос заради финансиската криза. Не ни помислуваат да разговараат поинаку. Впрочем, тоа се гледа и од последниот записник што излезе од средбата помеѓу лидерите. Значи, тие имаат една бетонирана позиција која не се однесува само на името на државата туку се однесува и на промена на именувањето на нацијата и на јазикот, рече Груевски.

Контроверзно е Црвенковски да зборува за градење бидејќи ништо не изгради

Ставот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски за нешто што се изградило и се направило, самото по себе е контраверзен бидејќи тој никогаш ништо не изградил, а имал можност за тоа, рече премиерот Никола Груевски.

- Тој беше толку многу години премиер и ништо не изгради. Не се сеќаваме на ниту една работа што ја изградил и кога тој ќе каже дека нешто е контраверзно тоа самото по себе е контраверзно. Луѓе што изградиле нешто имаат право да кажат дека нешто им е контроверзно, но луѓе што не изградиле, а имале долг период дадена можност од граѓаните, тоа навистина е само по себе контраверзен факт, рече премиерот Груевски.

Коментирај��и ја изјавата на лидерот на СДСМ оти е контроверзно поставувањето на споменикот на Филип Втори во очи празникот на Свети Кирил и Методиј тој потсети оти пред овој споменик, претходно беа поставени споменици на Свети Кирил и Методиј, на нивните следбеници Свети Наум и Свети Климент, како и на продолжувачите на нивното дело како Ѓорѓија Пулески, Димитрија Чупоски и Крсте Петков Мисирков.









Статијата е прочитана 2467 пати.

Испрати коментар



Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Македонија се' уште има проблем со човековите права
За Груевски критиките од Стејт Департментот се стандардни
Три бизнис-посети на Италија, една инвестиција
Викендов нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Нов правилник за дополнителната работа на лекарите
Малолетна струмичанка грабната и силувана
Оланд ги посети француските војници во Авганистан
Во Охрид се самоуби жена скокајќи од четврти кат
Двајца загинати во две тешки сообраќајки
Бесими - Ќе бараме интензивен дијалог со Грција
НАТО - Влез во Алијансата откако ќе се реши името
Иванов-Прамер - Потврдени заложбите на Австрија за интеграција во ЕУ
Уапсен „мозокот“ на трговијата со органи во Косово
Брејвик бара да го прогласат за здрав
Македонија четврта во регионот по квалитет на услугите
Тепачка во украинскиот Парламент поради рускиот јазик
Меѓународна безбедносна конференција во Охрид
Претседателот Иванов ќе се сретне со Барбара Прамер
Македонска делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим
Црвенковски - Спорот со името најважен проблем
Затвор за тепачите од Дебар Маало
Мотоциклист удри во паркиран автомобил и загина
Нов земјотрес во близина на Софија
„Оне" со нов најевтин производ „Џабест"
Македонска делегација во Рим и Ватикан во чест на Свети Кирил
Оланд и Меркел се судрија за еврообврзниците
Чувари под суспензија, се утврдува дали тепале притворени од „Монструм“
Нечас - Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција
Ден на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј
Прамер - Спорот за името да се разграничи од пристапните преговори со ЕУ
ОМД побара прекинување на разговорите за името
Следниот самит на НАТО отвора обврска за Грцијa
Потврдена австриската поддршка за македонската евроинтеграција
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Makedonka, 25.05.2012 20:30:24
Tocno taka G-dine Premier.I jas se prasuvam kako moze covek sto ne izgradil nisto,i ne napravil nisto dobro za svojata drzava ima lice uste da napagja,da kritikuva,i da pluka po se sto napravi ovaa Vlada.Kakvi lugje se ,sto ne najdoa za shodno barem za eden proekt od stoticite koi gi realiziravte da kazat dobro.
miki, 25.05.2012 20:42:50
Бранко не изградил а Грујо изградил?????? Не можам да сватам што изградил Груевски???? Ниту еден капитален објект, патчиња од 3 км. фискултурни сали, кичерајот во Скопје????? И тоа го смета за градење????? Господ да чува и брани !!!
zainteresiran, 25.05.2012 20:52:58
Bas me interesira koj bil toj predlog sto go prifatil Crvenkovski. Cim ne go iznesuva Grujce sporniot moment vo predlogot znaci deka ne e spremen za diskusija okolu negovata spornost. Sigurno i kvalifikuvanjeto na Crvenkovski deka predlogot bil najdobar do toj moment e izvadeno od kontekst i zloupotrebeno (znaci ne go prifatil tuku go kompariral stepenot na prifatlivost), ama koj se zamara so toa. Latas sigurno ne, a i narodot nema popametna rabota od toa da gi proveruva izjavite na premierot. Navistina mu se izjavite na nasiot najvisok funkcioner ko za na pazarce... Katastrofa...
Трпе, 25.05.2012 20:54:48
Лажи Грујо,лажи Грујо ама сите немој да ги лажеш.Ако дел од вашето гласачко тело е со кратко памтење не се сите како нив.А имаш и смелост да се фалиш со вашето градење и поголемо крадење.Да вие сте поголем градител со толку многу лопатарење и по неколку пати поставување на исти каментемелници сигурно имаш 1 трактор бетон истоварено.За толку многу пари што имаш створено ова е ништо работа.Бронзените играчки во дизниленд н�� е градење се знае дека е крадење.Никој не ја знае вистинската цена фрлена по бронзата и мермерот.Кога СДСМ беше на власт градеше автопати а не само заобиколници.Градеше пруга што вие ја запоставивте,брани и ред други функционални објекти.После 2002 година градеше соживот и рушевини.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Облачно

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 12°C

Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |