26.05.2012, 14:28 Европско движење: ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Вака гласи денешната препорака што едногласно беше изгласана на Федералното Собрание на Меѓународното европско движење кое се одржа во Институтот „Марјиа Апс” во Брисел
Европската унија без одлагање да ги започне пристапните преговори за влез на Македонија во Унијата, гласи денешната препорака што едногласно беше изгласана на Федералното Собрание на Меѓународното европско движење (ЕМИ) кое се одржа во Институтот „Марјиа Апс” во Брисел.
Оваа Предлог-резолуција, предложена од претставникот на Македонија, професорот димитар Мирчев, членовите на Собранието на оваа невладина организација ја изгласаа едногласно, подржувајќи ја со громогласен аплауз, јавува дописникот на МИА од Брисел.
- ЕМИ повикува да се посвети посебно внимание и интензивирање на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан. Исто така, ние го поздравуваме извештајот на Европската комисија за подготвеноста на Црна Гора за почеток на пристапните преговори и го повикуваме Советот да ја прифати оваа препорака и преговорите да започнат што е можно побрзо, гласи почетокот на Резолуцијата, во која во продолжение се говори за Македонија.
- Македонија е кандидат за членство на Унијата од 2005 година и трипати по ред добива препорака од Европскиот Совет да започне пристапни преговори. ЕМИ ја повикува ЕУ да започне преговори со Македонија без одложување и да ја покани Србија да го започне истото, со тоа што претходно би добила покана од ЕС, пишува во заклучокот, што присутните едногласно го усвоија и го поздравија со громогласен аплауз.
Според професорот Мирчев, кој ја даде Предлог-резолуцијата од името на нашата држава, Македонците се среќни што повеќе од прашањата се влезени во текстот.
- Некои како Хрватска се приклучија во ЕУ, Црна Гора почнува преговори, а Србија и Македонија се кандидати да започнат со преговори. БиХ, Албанија и Косово се назад во овој процес. Упатуваме апел до ЕУ да го забрза процесот на интеграција на овие земји, што е според фундаменталните права за кои се залага Европската унија. Македонија е кандидат седум години, последните три години добива позитивни оценки и препораки од Европската комисија да започне преговори и не е прашање дека не исполнува реформи, туку има друг проблем, па затоа бараме забрзување на процесот за почеток на преговори, истакна Димитар Мирчев.
Федералното Собрание на Меѓународното европско движење е најширока невладина организација насочена на европска интеграција и неформално важи за идеолошка база на Европската унија. На овој настан кој се одржува еднаш на две години (иако во меѓувреме се одржува Федерален Совет), заклучоците одат директно во Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент.
Претседател на ова движење е британскиот европратеник Џо Леинен, потпретседател е Ксенија Миленковиќ од Србија, а генерален секретар е Диего Пинто од Португалија.
Од Македонија, на годинешното Федерално собрание претставници од Европското движење во Македонија беа професорот Димитар Мирчев (почесен претседател на движењето кај нас) и македонскиот амбасадор во Кралството Белгија, Мухамед Халили.
Инаку, ова беше една од многуте резолуции што беа донесени. Меѓу другите, беше и предлогот ЕУ да добие Нобелова награда за мир, а младите европски федералисти побараа да се симне старосната граница за гласање насекаде во Европа од 18 на 16 години, бидејќи ако работат плаќаат даноци и на 16 години може да одговараат кривично како и полнолетните.
|
|
Статијата е прочитана 987 пати.
|
Испрати коментар
|
|
pile, 26.05.2012 16:22:10 | Na 15.mart 2012 godina zapocna da tece rokot od Pretpristapniot Visok dijalog pomegju R.Makedonija i EU.Togas Evrokomesarot za prosiruvanje G-din Stefan File vo prisustvo na Premierot izjavi,,,ovaa e dijalog megju mene i vas.Sredinata na maj 2012 godina Visokiot diplomat ja poseti Drzjavata i gi pofali pocetocite na dijalogot, so vetuvanje za povtorna sredba vo septemvri i konstatiranje na rezultatite od vetenoto.Sto znaci STOP za idnite baranja so soglasnost na Vladata i Gruevski.Dokolku znacenjeto na znakot stop ne dobie sosema drugo znacenje vo ogledaloto na vladeackoto mnozinstvo, a licno ne me iznenaduva osobeno posle stavot na Prenierot za sostojbite so covekovite prava i vladeenjeto na pravoto izneseni na Stejt dipartmentot na SAD i Amnesti inter.Zatoa pocituvani Makedonski sogragjani vnimavajte koga upravuvate avtomobil, mozjebi praviloto za prvenstvo na minuvanje e smeneto po DPMNE-vski model, pa vinata ke se bara vo pricinata sto ste se nasle tuka,slicno kako vo Africkite ze |
| Povelbata na ON e prekrshena pri priemot vo OON , вo рез . 817 СБОН, 47-225 ГСОН, 26.05.2012 18:10:19 | Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategija na Igor Janev.Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C
|
Вторник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
|