Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Софија синоќа во 59 минути по полноќ по локално време, соопшти Сеизмолошкиот центар при бугарскиот Геофизичкиот институт.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 20 километри југозападно од Софија. Потресот е почувствуван на територијата на целата земја. Нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета.