24.05.2012, 11:31 Нечас: Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција
Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција и под одредени услови ќе биде единствена можност, изјави чешкиот премиер Петр Нечас вчера во Брисел на Самитот на ЕУ.
- Секако дека би било поубаво ако Грција ја исполнува програмата за штедење и остане во еврозоната, оцени чешкиот премиер, кој смета дека излегувањето на Грција би имало влијание и на Чешка.
Токму затоа Прага веќе има договорена соработка со Чешката народна банка, која Нечас одби да ја образложи.
Шпекулациите и политички дебати за можноста Грција да ја напушти еврозоната се засилија по неодамнешните парламентарни избори и политичката криза која настана поради несоставување на нова Влада и новите избори кои ќе се одржат во јуни.
Нечас смета дека одлуката за тоа дали Грција останува во еврозоната треба да ја донесат нејзините земјите-членки.
За него поттикнувањето на европската економија е во довршувањето на внатрешниот пазар во ЕУ. - Во никој случај не можам да замислам дека би оделе по патот на недодржување на фискалната дисциплина. Фискалната стимулација на порастот по цена на зголемување на јавните долгови сметам дека е крајно кратковидо и за нас исклучено решение, вели Нечас.
|