25.05.2012, 13:27 Во Охрид се самоуби жена скокајќи од четврти кат
О.М. (1951) од Демир Капија денеска си го одзела животот со скокање од четврти кат, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Самоубиството се случило во зграда на булевар „Туристичка“ во близина на Охридска банка околу 10 часот и 30 минути.
Според полицијата, жената престојувала на гости кај свои роднини во Охрид, а причините за самоубиството не се познати. Случајот во полиција го пријавил случаен минувач. Во тек е увид на местото на несреќата.
|