25.05.2012, 09:28 „Војводката на чардашот“ од Калман вечер во МОБ
Во рамки на Мајски операски вечери, ќе биде изведена оперетата „Војводката на чардашот“ од Имре Калман, во режија на Урсула Хорнер од Австрија, а под диригентство на Бисера Чадловска
На големата сцена на МОБ вечер, во рамки на Мајски операски вечери, ќе биде изведена оперетата „Војводката на чардашот“ од Имре Калман, во режија на Урсула Хорнер од Австрија, а под диригентство на Бисера Чадловска.
Сценографија е на Марија Ветероска, за кореографијата се погрижи Саша Евтимова, а костимите ги изработи модното студио „Елена Лука“.
Главните улоги ќе ги изведат Благица Поп Томова, Ѓорѓи Цуцковски, Катерина Стојановска, Дејан Стоев и Ернес Ибраимовски. Настапуваат и Теофил Николовски, Лидија Нацоска, Драган Ампов, Игор Пармаковски, Зоран Даскаловски, Лиле Миленковска, Златко Мадевски, Климент Тодороски, Митко Иванов, Ристо Трајановски, како и хорот, оркестарот и балетот на МОБ.
Во музиката на Имре Калман, особено во ова дело, доминираат ромските фолклорни елементи. Заради зачинетиот музички израз со ромските фолклорни елементи, унгарците неговата музика ја нарекувале „музика со пиперче“.
Светската премиера „Војводката на чардашот“ ја имала во Виена во Јохан Штраус Театарот на 17 Ноември 1915 година. Ова е најуспешното дело на Калман.
|