24.05.2012, 13:25 Спектакуларно отворен 31. Мал битолски Монмартр
Со спектакуларен огномет, со музика и песни, на кинески, индиски, руски, романски, македонски и на други јазици од светот, синоќа во Битола свечено беше отворено 31-то издание на меѓународниот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр.
- Променливото време не ги спречи битолчани да дојдат во старата чаршија, да ги пречекаат гостите од светот и да ги поздрават учесниците и наградените на детската ликовна колонија, истакна Коста Хаџиантоновски, раководител на детското ликовн студио „Св. Кирил и Методиј“.
- Годинава на адреса на студиото во Македонија пристигаа 10.062 творби од 19 држави во светот. Покрај трите главни награди, жирито додели и 19 рамноправни награди за колекција на изложбата, 140 златни плакети и 178 дипломи за поединечно остварување на изложбата, посочи Хаџиантоновски.
Учесниците на фестивалот денеска свечено и работно го одбележуваат 24 мај, Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“, воедно и патронен празник на студиото, а во наредените денови освен во Битола, ќе престојуваат и сликаат во Охрид и Крушево.
|