Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
27.05.2012, 17:28

Мислења

Опозицијата нема да оди на одмор

Гордан Георгиев

Кој медиум и' останува на опозицијата? Улицата. Теренската активност. Од човек на човек. Борба за отрезнување на психозата во која западнавме

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Има ли право опозицијата на одмор? Смее ли да си дозволи воздишка од напорната година? Ако реално и чесно ги согледаме активностите на опозицијата изминатава година, ако направиме отчет, лесно се забележува дека на полето на она што во нормално демократско општество би се нарекло „опозициска борба“, СДСМ и опозицискиот фронт направија добра работа.

По поразот на предвремените парламентарни избори и логичните и очекувани скалила на разочарувања и апатија, денес слободно може да се каже дека билансот на опозицијата е на позитивно салдо. Во изминатиов период СДСМ ги формираше советите на партијата, со намера да вклучиме што повеќе луѓе, експерти во своите области и не нужно членови на партијата. Идејата беше да отвориме дискусија и вентил за нови идеи кои би и' помогнале на опозицијата подобро, пообјективно и покреативно да ги артикулира проблемите во општеството. Практично секоја сабота и недела некој од партиските совети заседава, излегува јавно со став и креира решенија за подобар живот на нашите граѓани. Потоа таквите решенија партијата ги преточува во формални предлози кои се доставуваат до Владата или парламентот.

Пратеничката група на СДСМ никогаш не била поактивна. Не само критикувајќи ги неумесните, често и криминалните предлози на владејачкото мнозинство, туку и преку предлагање закони за подобрување на животот на граѓаните. Само во последниве месеци, пратеничката група на СДСМ предложи повеќе од 30 закони или измени на закони и други пакет мерки за преживување на нашите осиромашени граѓани. Поднесовме повеќе од 500 амандмани кои требаше да ги коригираат погрешните приоритети на власта. Наместо жални врби, ние предлагавме изградба на мостови и патишта, наместо милионски огради на мостови ние предлагавме помош за социјалните случаи и подобрување на здравствените услуги. Најчесто овие мерки беа од областа на економијата и социјалата (намалување на казните за граѓаните, минимална плата, социјална помош на најзагрозените итн.)

Конечно, неодамна пратениците на СДСМ го предложија и уставниот амандман со кој ќе се овозможеше незастарување на криминалните дела од процесот на приватизација.

Собраниските седници никогаш не биле толку политички жешки и никогаш претходно не се чувствувал толку голем диспаритет во дискусиите: пратениците на опозицијата цело време дискутираат и аргументираат, пратениците од власта молчат или навредуваат, и гласаат секогаш против предлозите на опозицијата. И толку. А што очекува власта од парламентарна демократија? Да истураме навреди кон пратениците на владејачкото мнозинство? Да држиме кратки и неаргументирани говори? Да кренеме раце и да не предлагаме ниеден закон бидејќи секако ќе бидеме надгласани? Да гласаме под диктат на Никола Груевски? Не, тоа нема да го направиме, но затоа сите овие добри и конструктивни предлози на опозицијата ќе ги реализираме откако ќе падне оваа власт. Овие добри предлози на опозицијата нема да паднат во вода или во заборав. Ние се обврзуваме овие мерки да ги реализираме во моментот кога СДСМ ќе ја освои власта на следните парламентарни избори.

Да продолжам со отчетот. Претставници на СДСМ буквално секој ден држат по најмалку две до три прес-конференции или даваат изјави за медиумите. Секој ден, на сите теми што ги засегаат граѓаните. На овие изјави и прес-конференции, кои многу често имаат за цел да понудат позитивни решенија за граѓаните или да ги подобрат политиките на власта, не одговара Владата. Овие мерки и решенија се насочени кон Владата, но на нив одговара „Центарот за лаги и манипулации“ на ДПМНЕ и тоа со соопштенија. Ние со живи луѓе, тие со пишани матрици-соопштенија во кои само се навредува и се омаловажува политичкиот противник. Да, можеби огромната доминација на провладини медиуми максимално ги минимизира медиумските активности на опозицијата, но тоа е факт кој во догледно време нема да се промени.

Кој медиум и' останува на опозицијата? Улицата. Теренската активност. Борба човек на човек. Борба за отрезнување на лудилото и психозата во која западнавме сите, под влијание на медиумско-финансиските седативи што оваа авторитарна власт ни ги сервира секое утро и секоја вечер. Борба против „мачнината“ што излег��ва од стомакот на премиерот и како опасна чума се шири кон сите нас.

Затоа, СДСМ од следниот викенд и преку цело лето почнува со протестно-промотивни собири низ цела Македонија. Цел јуни и цел јули ќе ги промовираме нашите кандидати за градоначалници, ќе ги сумираме резултатите од владеењето на Никола Груевски, ќе предлагаме решенија. Паралелно со тоа, ќе продолжиме со промоција на нашите политики, со политиките за „преживување на македонските граѓани“, не надевајќи се веќе дека власта ќе прифати што било од овие добри проекти, туку со единствена цел да им покажеме на нашите граѓани дека алтернативата на оваа власт е подобра, покомпетентна, почесна и поправична. Со еден збор, СДСМ нема да оди на одмор ова лето.

Ете, тоа работиме, драги пријатели. Ако имате некаква поинаква и подобра идеја, повелете, кажете ја. Ние сме тука цело лето, ќе се видиме низ нашите градови и села. Ако не сте отишле на одмор, повелете придружете се на нашите промотивно-протестни активности. Ако, пак, одморате, размислувајте за слободата и стравувајте да не ве поклопи некаков нов „Нов бран“ од недобројната авторитарна ризница на власта. Во септември ќе ве дочекаат заостанатите кредити, децата треба да се праќаат на училиште, трошоци за зимница...глава боли.

Е токму во името на таа солидарност СДСМ нема да оди на одмор ова лето. Шегите што ги прави политичкиот противник дека ќе сме држеле протестни собири на Халкидики, признавам дека се духовити, но ќе паднат во вода. Ќе биде интересно да се видат нафатираните првенци од власта како со скапи коктели на лежалки на плажа (и тоа поретко на Халкидики, најверојатно на Бахами, Сејшели или слично) ќе не' гледаат нас како протестираме и промовираме на плоштадите низ цела Македонија. Септември ќе биде тежок месец, но надежта е најпотребна кога ни е најтешко.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1998 пати.

Испрати коментар



„Твитинг“ во Хавана
Писма - По маките со осигурување
Писма - Во што ви е проблемот
Јак грб, слаб ‘рбет



branko, 28.05.2012 00:08:29
EJ, a da si odite na odmor kako luge? Em vie lezet, em narodov raat od vas! Aman, bate nemoj da me branis!
MKD, 28.05.2012 00:21:21
Aman be Gordan,vo koj svet zivees ti be decko?Branko,i cela klapa sto ste so nego ke ne spasuvate od ,,diktatorot a,, a?a hha ha haa neverovatni ste ejj....
jovan, 28.05.2012 00:26:59
Se e toa vo red, no da promovirate novi kandidati vo Juni-Juli koga site se na gosti vo Grcija (a nekoj i na Sejselite), e navistina duhovito. No sala na strana. Mene vo momentov nesto mi tekna okolu privatizacijata. Site znaeme deka privatizacijata im ja prepisuvaat na SDSM, t.e BRANKO. No ZAKONOT za PRIVATIZACIJA e donesen 1993ta, go citase JANE MILJOVSKI ne 61ta sednica na Sobranieto(27 Maj 1993ta), a go izglasa Vladata na Kljusev(VMRO). Togas minister za vnatresni bese znaete koj. Spored toa, ne mi e jasno zosto SDSM uporno molci koga nekoj gi obvinuva za privatizacijata. Ne velam deka SDSM nema udel vo taa pljacka, no golema*zasluga* imaat i onie koj non-stop placat i kazuvaat kako SDSM gi opljackala. Zakonot za pljacka na drzavata i narodot go donese VMRO, do dusa expertskata Vlada, no so mnozinstvo na VMRO.
Ziggy Stardust, 28.05.2012 08:12:21
Гордан, со целосна почит кон она што Вие го работите и за што се залагате, најдобронамерно Ве предупредувам, дали знаете со какви „лежи-лебовци“ си имате работа низ локалните СДСМ-ограноци!!!Па тие уста не отворија чекајќи раководството од Скопје да ја заврши работата.А локалните раководни места ги поделија на седенките по кафеани „уз зелка и ракија“.Играат „на ситно“, се борат за првите места по листите за советници, а се плашат да превземат одговорност за кандидирање за градоначалник-затоа што немаат одработено на терен, едноставна причина.Тој што ќе биде жртвуван да биде кандидат за градоначалник ќе нагази на гнила штица....
Имајте усул , Гордане!, 28.05.2012 09:40:38
Што правите , Гордане? Поради вас , ни Фаликс нема да го пуштат на одмор!
Оливер, 28.05.2012 10:09:20
Гордан, ако има нешто што не „напаравил“ Црвенкоски добро е да се промовира и да се убеди народот за подобро утре, ама мислам дека Црвенковски направи повеќе од што некој може да понуди затоа можеби не те сваќаат озбилно. Добра ви е идеата, особено во јули најпогодно е во Скопје да ги убедувате граѓаните, најдобри се тогаш условите за кампања, нема да ви одзема време барем гужвата во сообраќајот. Што се однесува на спасот кој го нудите, мислам дека не е време сега да го нудите оти истиот беше понуден пред 10 месеци и не беше прифатен. Салдото кое го има СДСМ по формирањето на советите навистина помагаат во идеите особено при иновативниот однос во собранието, каде оптруирањето е основа за понатамошна презентација на идеите и пораките од граѓаните кои ги пренесувате во Собранието. Добро е имате некој терк за програма, ама ви фалат некако фрагменти, за концептот да се комплетира и го забележиме неговиот сјај на некој начин. Има време ќе почекаме уште неколку години.
ФЕЛИКС, 28.05.2012 10:12:43
Ова билдање оптимизам за работењето опозициско ми личи на ударништвото на А.Сиротановиќ,легендарниот рударски ударник.Ова оптимистичко билдање е можеби прекупотребно,оти и нивните експерти по ништо не се импресионирани од опозиционерството на Бихаќевците.Инаку текстописецот е ептен скромен кога прашува ,,кој медиум ни остана,,Па еве вака да го подсетам да А1 се преточи во А2 и одработувачкиот квартет работи со полна пареа за неговата опција.Па да речеме Фокус,Ден,Алфа,Утрински(се надевам дека ќе нема цензура)Интернет-Глобус и др.Значи нема ,,одмора док траје обнова,,ова не се однесува за внатрепартиската лидерска обнова,оти сите знаеме за нивното,,абе нема кој да го замени,,.Ме интересира дали овдешните коментатори опозициски ќе одат на одмор или и тие ќе се впрегнат улично летово.Ова е поради тоа што дознавам дека се штрикаат маици (жолти нема да бидат,оти била несреќна бојата)па треба да се знае бројот на митингашите.Како и да е повторно ,,мртво ладно,,политичко лето.
девичанецот, 28.05.2012 10:24:56
Почитуван Гордаане, Насловот ја отсликува реалноста. Вашиот вожд, пензионер секако дека нема одмор. Впрочем, на кој пензионер по решение му следува одмор?
dobro utro, Gordane, 28.05.2012 11:53:01
Eee, Gordane, dobro utro! Arno se setivte deka treba na teren da rabotite zatoa shto mediumski ste zamolchani. Od koga vi se zboreshe deka treba da odite sekoj den megju narodot, ama vie ne slushavte. I edno potestuvanje za Ziggy Stardust, mestata vo provincija taka se delat vo SEKOJA partija, ne idealiziraj, nikoj
Jug, 28.05.2012 12:07:05
Ke ima scenario kako vo Grcija ni SDSM ni DPMNE. Treta obedineta opcija.
Egejski branovi, 28.05.2012 12:12:13
Gordane, nemojte samo i vie da rabotite 24/7. Ima edna narodna koja veli dobro e da vojskata i doktorite ne rabotat. Ama gledajki gi nashite politichari i rezultatite od nivnoto rabotenje, najdobro e da tie nishto ne rabotat. Samo tobozno karanje i nemilosrdno kradenje. Ne, ne, ne i ne! Sepak, odete si na odmor, a so sebe povedete gi i prerodbenicite. Dosta ni e od site vas, ostavete ne na mira!
Gox Skopje, 28.05.2012 12:20:25
Kako do spas,od site vas !?
Vinci, 28.05.2012 15:33:50
Krajno vreme e da se izleze od ovaa besperspektivna letargija, podobro e da se pravi nesto, otkolku da im se ostava brisan prostor na ,,prerodbenicive,, , koi so sekoj izminat den ni naplastuvaat se pogolema beda i mizerija od bilo koj aspekt na ekonomsko-politickoto bitisuvanje.P.S.Samo nemojte da preterate so terenskite aktivnosti, nema da mu dadete moznost na mr.Failix blagodarenie na negovite trivijalni i servilni komentari, da odi na zasluzen odmor!!??

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 28°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Вторник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |