07.06.2012, 18:48 Новото „пежо 208“ пристигна во Македонија
Во Музејот на современа уметност прексиноќа беше промовиран новиот модел на „пежо 208“. Овој модел од Б-сегментот стартува со почетна цена од 12.000 евра. Од менаџментот на компанијата се надеваат дека овој модел на автомобил ќе биде атрактивен за македонските потрошувачи. „Очекуваме продажба во согласност со условите во кои работиме. Моментно продажбата на пазарот е на ниско ниво поради рецесијата во автоиндустријата во земјава, но ќе се надеваме на добра продажба на овој модел“, изјави Даниел Воиновски од „Еуроимпекс“, генерален увозник на „пежо“ за Македонија. (Ек.Р.)
|