Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.06.2012, 11:47

Дојче Веле: ЕУ ја толерира блокадата на Македонија

Верувам дека бесконечната приказна со името ќе заврши многу скоро, вели Франко Фратини

Верувам дека бесконечната приказна со името ќе заврши многу скоро. Македонија заслужува да се реши ова прашање и сметам дека новата грчка влада по изборите ќе има и интерес да даде свој придонес, вели поранешниот шеф на италијанската дипломатија е еврокомесар за правда, слобода и безбедност Франко Фратини во изјава за Дојче веле.

- Што се однесува до мојата земја, Италија секогаш била блиска со Македонија. Мислам дека ќе биде во состојба да продолжи да и’ помага и да има улога во премостувањето на овој нерешен проблем, да влијае врз создавање клима на доверба, па конечно Европската унија на Македонија да и’ даде и датум за почеток на пристапните пореговори, истакна Фратини.

Тој смета Европа не треба да го сопре процесот на проширување, кој беше успешно искуство. Европската замореност треба да се спречи, зашто сите земји еден ден ќе станат дел од Унијата, вели Фратини кој синоќа во Берлин учествуваше во дискусијата „Повеќе Европа! Да, но како?“, на која повеќемина експери и политичари дебатираа за иднината на ЕУ и еврото.

Директорот на Европската академија Берлин Екарт Д. Стратеншулте, пак, смета дека по приемот на Хрватска и евентуално на Исланд, ќе следи подолга пауза во проширувањето.

- Европската унија во моментов нема сила да издржи големо проширување, но впечаток е дека сила немаат ниту кандидатите кои претендираат за члентво, оценува Стратеншулте.

За евроинтеграцијата на Македонија вели дека поради спорот за името со Грција, изгубила драгоцено време.

- Според мене, времето е изгубено без вина на земјата, но факт е дека тоа е изгубено. Жално е што Грција го блокираше почетокот на пристапните преговори, но исто е интересно да се види како останатите 26 членки на ЕУ, ваквото однесување на Грција го толерираа, заклучува Стратеншулте, според кого членките на европското семејство сесрдно не се залагале за продолжување на проширувањето, зашто во конкретнава ситуација - доколку тоа го сакале, имале и можност да притиснат врз Грција.

Прашан дали Германија може нешто да направи, со оглед на нејзиното влијание во ЕУ, Стратеншулте одговора потврдно, но не верува оти Берлин ќе преземе нешто поконкретно.

- Дали Германија може нешто да направи? Одговорот со сигурност би бил - ДА. Но, дали нешто ќе направи? Сметам дека нема, затоа што и на германската агенда проширувањето не е меѓу приоритетите. А, и Германците критички гледаат кон проширувањето, кога се во прашање државите од Балканот. Кога би говореле за Швајцарија или Норвешка, би било подруго, изјави директорот на Е��ропската академија Берлин


Статијата е прочитана 1195 пати.

Испрати коментар



Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Крстопат-избори во грција
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Нов топол бран со температури до 39 степени
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Бура реакции по договорот за декриминализација на клеветата
Познат идентитетот на жената која беше оставена во поликлиниката „Бит-пазар“
Изгласана одлуката за преименување на улиците во Скопје
Соопштение на Амбасадата на САД по повод одземената лиценца на „А2“
Претепани патници во автобус на ЈСП Скопје
Инцидент пред Советот на Град Скопје
Почнаа уписите за средните училишта
Камерон го поздрави решението за референдум на Фокландите
„Цајт“- На Грција веројатно и е потребен трет пакет помош од ЕУ
СРД и ја одзеде дозволата на Телевизија А2
ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата
Робин О Нил- Македонија во ОН да биде примена под уставното име
Денеска тропски теператури над 38 степени
Mомчиња повредени кај „Мавровка“
Скопјанка почина по пад од седми кат
Полуматурант се удави во Пчиња
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 15°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 14°C

Среда
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |