18.06.2012, 20:33 Груевски сепак ќе се сретне со Путин
Вицепремиерот Ставрески најави дека Премиерот сепак ќе се сретне со Претседателот на Руската федерација
Премиерот Никола Груевски в четврток во Санкт Петерзбург ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин, објави веб-страницата „Денешен.мк“, повикувајќи се на свои извори во Владата.
Вицепремиерот Зоран Ставрески, во изјава, потврди дека ќе дојде до средба во Санкт Петерсбург во четврток:
- Посетата на премиерот Груевски и македонската делегација на Русија е од исклучително политичко и економско значење. Во политичкиот дел би сакал да истакнам дека најзначајно е што во рамките на престижниот форум посетата на Санкт Петербург што ќе ја имаме во четврток премиерот Груевски ќе оствари средба со претседателот на Руската федерација Владимир Путин, што ќе даде нов сигнал и насоки во политичките односи меѓу двете земји но и за економските односи меѓу двете земји во следните години, изјави Ставрески. |