17.06.2012, 23:12 (ЕП 2012) Роналдо конечно проработе, Португалија во четвртфинале
Португалците ја совладаа Холандија со 2:1, во вториот меч во групата Б, Германија триумфира над Данска со 2:1
Португалија ја совлада Холандија со 2:1 и се пласира во четвртфиналето на европското фудбалско првенство во Полска и Украина, фаза во која, во четврток, за противник ќе ја имаат Чешка. Главен двигател во играта на Португалците овојпат беше капитенот Кристијано Роналдо кој постигна два гола (28 мин. И 74 мин.), почесниот за Холанѓаните, кои го напуштаат турнирот без освоен бод, беше Ван дер Варт ви 11 минута.
Во полза на Портругалија беше и резултатот од вториот дуел во кој Германија ја совлада Данска со 2:1.
Подолски во 19 минута и Бендер во 80 минута реализираа за стоотстотен ефект на "панцерите" во групата Б, за Данците погоди Крон-Дели во 24 минута. Германците во четвртфиналето, во петок, ќе играат против сензационалните Грци кои успеаја да ја елиминираат Русија од натамошните настапи на турнирот.
Група Б
Резултати, 3. коло: Португалија - Холандија 2:1, Германија - Данска 2:1
Табела
1. Германија 3 3 0 0 5:2 9
2. Португалија 3 2 0 1 5:4 6
3. Данска 3 1 0 2 4:5 3
4. Холандија 3 0 0 3 2:5 0
|