11.06.2012, 20:04 (ЕП 2012) Франција и Англија си поделија по бод
Дербито во групата Д на ЕП 2012 заврши 1:1 иако „триколорите“ имаа повеќе од играта
Франција и Англија одиграа 1:1 во дербито во групата Д на ЕП 2012. Поведоа Англичаните со погодокот на Лескот во 30 минута, но нивната радост траеше само девет минути кога реализира Насри, резултат што остана актуелен на семафорот во Доњецк до самиот крај. Пласманот во нокаут фазата ќе го бараат во дуелите со Шведска и Украина кои вечерва ќе го заокружат првото коло на Европското првенство.
Воведните 45 минути ги одбележаа Французите. Имаа повеќе од играта, создаваа прилики, шутираа (девет пати се заканија, шест пати во рамки на голот) меѓутоа на реализација први се радуваа играчите на Рој Хоџсон кои ја продолжија традицијата да останат непоразени на крајот во ситуација кога на полувреме имаат нерешен исход, а така беше шест пати во последните осум меча до денешниот на "Донбас арена". Ударот на Лескот впрочем беше и единстевниот што Англичаните успеаја да го упатат во рамки на голот на Уго Лори во текот на целиот меч.
Второто полувреме донесе порезервиран однос на обете селекции, па оттука на моменти добија и свирежи од трибините. (С.Д.) |