12.06.2012, 20:15 (ЕП 2012) Чешка за шест минути ја урна Грција
Чесите триумфираа со 2:1 со брзите головите на Јирачек во 3 минута и Пилар во 6 минута во првиот меч од втоторо коло во групата А на ЕП 2012, голот за Грците дело на Гекас кого го даруваше Чех во 53 минута
Грција не успеа по втопат да остане непоразена на ова Европско првенство по негатива на полувреме. Чешка славеше со 2:1 во првиот меч од второто коло во групата А и се врати во игра за чевртфинале по убедливиот пораз од Русија на стартот на шампионатот (1:4). Сега Грците се наоѓаат во ситуација да се биде или не. Потребна им е победа над "зборнаја" во последното коло за одржување на надежите за минување на групата и пласман меѓу најдобрите осум на турнирот.
Шокантен беше воведот во мечот за Грците. Уште незагреани, а по шест минути игра веќе имаа два гола негатива во Вроцлав. Набрзина погодија Јирачек (3 минута) и Пилар (6 минута) за обезбедување на Чесите со потребната психолошка стабилност во средбата во која евентуален пораз ќе значеше и крај за нив на ова ЕП. Резултатскиот притисок ги направи оловни нозете на грчките фудбалери кои тешко се движеа по теренот, беа несигурни во одбрана, безидејни во средниот ред и отсечени во нападот и во првите 45 минути не упатија ниту еден удар кон голот на Чех.
Залихата од два гола ги смири Чесите, а ги принуди Грците да ја понесат неопходната агресивност од соблекувална во второто полувреме. Свесни дека нема простор за калкулација заиграа поодлучно и се преселија на половината на противникот, но и овојпат, како што беше случај и на отворањето со Полска, среќата беше на нивна страна. Почетнички реагираше Петр Чех кој не успеа да скроти една нафрлена топка, подарокот го искористи Гекас за намалување на 2:1 за неизвесност во продолжението од мечот. Резултатот, сепак, остана непроменет до крајот за прв триумф на Чесите на ова ЕП. (С.Д.) |