08.06.2012, 23:13 Русите демонстрираа сила против Чешка
Џагоев со два погодока, Широков и Павличенко донесоа убедлива победа од 4:1 во вториот меч од Групата А
Руската репрезентација демонстрираше сила против Чешка во вториот натпревар на ЕВРО 2012, совладувајќи ја убедливо во Вроцлав со 4:1. Човек на натпреварот беше Џагоев со два погодока, најпрвин во 15 минута, а подоцна и во 79 минута од натпреварот.
Претходно Широков им донесе водство на Русите од 2:0 во 24 минута, а до мала неизвесност на мечот допринесе голот на Пилар во 52 минута за намалување на негативата 2:1. Конечните 4:1 ги постави нововлезениот Павличенко во 82 минута. Истиот играч за три минути успеа да се запише и во листата на асистенции и на листата на голгетери. Со ова Русија е прва на табелата со 3 бода пред Полска и Грција кои имаат по 1 бод, додека Чешка е последна без бодови.
Со ова се комплетираа мечевите од првото коло во групата А. Европското првенство продолжува со утрешните натпревари од групата Б, Холандија - Данска и Германија -Португалија.
|