10.06.2012, 09:44 Мајами е вториот финалист во НБА плеј-офот
Во „мајсторката“ на Источната конференција Мајами пред своите навивачи го победи Бостон Селтикс со 101:88
Екипата на Мајами Хит избори пласман во финалето на плеј-офот од НБА лигата, откако ноќеска во „мајсторката“ на Источната конференција пред своите навивачи го победи Бостон Селтикс со 101:88 (23:27; 23:26; 27:20; 28:15).
Натпреварот беше решен во последната четвртина откако по првите три беше 73:73.
Триото на Мајами, Леброн Џејмс , Двејн Вејд и Крис Бош одиграаа доволно добро за четврта победа против Бостон. Џејмс имаше 31 поени и 12 скокови, Вејд 23 поени и по 6 скокови и асистенции, а Бош 19 поени и 8 скокови.
Во поразениот тим Раџон Рондо одигра уште еден добар плеј-оф натпревар, но недоволно за победа на неговиот тим. Рондо имаше „трипл дабл“ 22 поена, 14 скокови и 10 асистенции.
Големото финале Оклахома Сити - Мајами ќе почне во вторник, а домаќин на првите два натпревара е Оклахома Сити. |