14.06.2012, 14:01 Пред 4 години со 100 килограми - денес мис
Денес таа е прекрасна кандидатка за мис на Англија, а некогаш била несреќна стокилашка. Убавата Надин Најт ослабела 30 килограми и сега е помала за четири конфекциски броја. Откако влегла во финалето за избор на мис, 24- годишната девојка се надева дека на крајот и ќе победи. Нејзиното слабеење почнало кога наполнила 21 година и сфатила колку се здебелила откако отишла на факултет.
„Мајка ми се загрижи поради мојата тежина, а кога ги видов фотографиите од роденденот, не можев да верувам колку сум голема“, рекла Надин. Набрзо ја отфрлила нездравата студентска исхрана и почнала да вежба во теретана. Откако ослабела, започнала да се занимава со манекенство, па во март е прогласена за мис на Нортхемптон и сега се натпреварува за мис на Англија.
|