15.06.2012, 13:15 Карл Билт: На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Нема да има промени на границите, конфликти и војни, бидејќи овој регион има европска иднина, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт
На Балканот повеќе нема да има промени на границите, конфликти и војни, бидејќи овој регион има европска иднина, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, во интервју за сајтот „ЕУинсајд“.
Според него, балканскиот регион има европски дневен ред - економски реформи, социјален напредок и правен поредок, но Балканот се уште треба да ги реши проблемите со организираниот криминал и корупцијата.
На прашањето какви потенцијали има на територијата на Балканот, Билт одговори дека тоа е регион со многу планини и многу реки и огромен неискористен воден потенцијал.
Билд изјави дека не очекува Грција да ја напушти еврозоната. - Одлука за тоа ќе донесат Грците, рече Билт и потсети дека проучувањата на јавното мислење покажуваат дека Грците се решително против излезот од еврозоната. |