17.06.2012, 18:32 Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Ќе започне формирање на коалициска влада. Клучна улога во формирањето на влада се очекува да одиграат ПАСОК и Демократската левица
Неизвесност до последен момент меѓу десничарската Нова демократија и радикалната левица СИРИЗА. Првичните анкети за медиумите не покажаа јасен победник. СИРИЗА и Нова демократија рамо до рамо. Според резултатите од првичните анкети на националната телевизија и уште 3 други Нова демократија се очекуваше да освои од 27.5 до 30.5 отсто, СИРИЗА од 27 до 30 отсто, додека пак според анкетите на телевизијата Скаи во благо водство беше СИРИЗА со очекување дека ќе освои 25-31 отсто, а Нова Демократија 25-30 отсто. ПАСОК се трети со 10 -12 проценти. За четвртото место се бореа неонацистичката Златна зора и десничарите Независни Грци со процент на гласови од 6 до 7.5 осто. Следат Демократска левица со 5.5. до 6.5. отсто и Комунистичката партија со 5- 6 осто. Од денес започнува формирање на коалициска влада. Клучна улога во формирањето на влада се очекува да одиграат ПАСОК и Демократската левица кои како предуслов бараат коалициската влада да ја гарантира европската иднина на Грција. (М.П.) |