19.06.2012, 12:05 Предвидување на успешноста на филмовите со математички методи
Холивуд веќе не е центар на филмската уметност, туку центар на филмскиот бизнис
Холивуд за многумина веќе не е центар на филмската уметност, туку центар на филмскиот бизнис. "Фабриката за соништа" се повеќе се концентрира на проверени сценарија и стереотипни концепти со цел да го намали ризикот од релативен финансиски неуспех на филмот.
Во контекст на тоа е и информацијата дека успешноста на еден филм, според прагматичните холивудски принципи, може да се мери и предвиди со математички методи.
Откритието на јапонските научници од Универзитетот Тотори би можело наскоро да стане мошне популарно во филмската индустрија. "Њујорк пост" пишува дека тимот научници открил алатка со чија помош е можно да се предвиди дали некој филм ќе биде успешен, дури и пред неговата премиера. Математичкиот модел, со чија помош се пресметува успешноста на некој филм е втемелен на споредувањето на количината пари потрошени на маркетинг пред појавата на медиумските извештаи за филмот. Истражувачите својата идеја ја тестираа на неколку популарни блокбаестери, како што се "Кодот на Да Винчи", "Спајдер мен 3" и "Аватар".
- Резултатите се мошне точни, што значи дека понудениот математички модел би можел да овозможи мошне добри предвидувања за тоа колку некој филм ќе биде успешен, дури и пред неговото прикажување, се наведува во соопштението на Институтот за физика при Универзитетот.
|