(ВИДЕО) Запленети 76 кг марихуана шверцувани преку Охридско езеро
Акцијата наречена „Адриа“ ноќеска по полноќ резултираше со заплена на дрогата чија вредност на пазарот може да достигне и до 300 илјади евра
Седумдесет и шест килограми висококвалитетна марихуана, која била прошверцувана преку Охридското Езеро, место во Хрватска, завршија во рацете на македонската полиција. Акцијата наречена „Адриа“ ноќеска по полноќ резултираше со заплена на дрогата чија вредност на пазарот може да достигне и до 300 илјади евра, како и со апсење на шестчлена меѓународна група која требала дрогата да ја пренесе од Албанија, преку земјава, на хрватскиот нарко – пазар. Меѓу приведените се тројца македонски државјани, четворица босански државјани и еден хрватски државјанин. Се трага по уште двајца членови на меѓународниот канал за трговија со дрога.
Марихуаната која што го „препливала“ езерото, полицијата ја заплени на автопатот Скопје-Куманово, кај бензинска пумпа Дени-Шпед во камион кој го возел 38-годишен босански државјанин. При извршениот детален претрес со помош на кучиња, во четирите резервни тркала на камионот се пронајдени 90 полиетиленски пакувања исполнети со наркотична дрога марихуана. Дрогата е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника при МВР.