Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
21.06.2012, 17:11

Највредните предмети на Витни Хјустон одат на аукција

Сите почитувачи на музиката на трагично починатата поп-дива Витни Хјустон, како и страсни колекционери, на 24 јуни ќе имаат можност на Беверли Хилс да купат некои од личните и вредни предмети на пејачката

Вкупно 44 предмети, вклучително фустани, накит, музички награди и некогашен пасош ќе бидат изложени и достапни на купувачите.

Накитот што го носела Витни во филмот „Телохранител“, пар црни ракавици од видеоспотот „Најголемата љубов секогаш“, како и видеоснимката од нејзиниот погреб одржан во февруари, исто така, ќе биде на продажба. Предметите од претстојната аукција веќе добиле неколку понуди на интернет.

Се претпоставува дека нејзиниот фустан од доделувањето на наградите „Греми“ во 1996 година ќе достигнат цена од 3.000 до 5.000 долари. Најмногу се очекува од продажбата на нејзиниот пасош, чија вредност се проценува на 6.000 долари. Пејачката го користела пасошот во периодот од 1979 до 1984 година.

Обожавателите на „Телохранител“ ќе бидат импресионирани со понудата на накитот од овој филм, а ако сакаат да станат сопственици на прстенот и дијамантот, ќе мора да издвојат 4.000 долари.

На аукцијата, која е дел од големата аукција на музичките икони, покрај личните работи, ќе бидат претставени и биографијата и фотографиите на Витни, додека во музичката програма ќе настапат Стиви Вондер, Арета Франклин, Алиша Кис и Р. Кели.


Статијата е прочитана 620 пати.

Испрати коментар



Солени забави на жежок песок
Што прават денеска
Во душата ги носам поезијата и новинарството
Помош за Сиријците од 100.000 долари
Актерката има ново момче?



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 30°C

Обилни врнежи

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |