19.06.2012, 11:57 Италијанската полиција уаспила македонски нарко-дилер
Македонскиот државјанин Харун М. (37 год.) e уапсен во акција на италијанската полиција за разбивање организирана нарко група. Покрај македонскиот државјанин, се уапсени уште 11 членови на бандата, осум албански и тројца италијански државјани. Според албанските медиуми, уапсените биле обвинети се за шверц на кокаин и марихуна, што ги внесувале од Албанија, а ги продавале по улици, паркови, приватни куќи и угостителски објекти во Трентино Алто Адиџе.
Полицијата подолго време водела истрага за овој случај. Истрагата започнала во 2008 година. До мај 2011 година полицијата успеала да заплени различни типови дрога во вредност од околу 4 милиони евра и да уапси 42 лица - водачи на групата, шверцери и продавачи на дрога.
|