21.06.2012, 13:01 Македонија кандидат за две ракометни ЕП
Ракометната федерација достави две апликации за организатор на младински европски првенства, а одлуката за тоа ќе биде донесена на 11. Конгрес на Европската ракометна федерација во Монако во сабота по 14,30 часот
Македонија се кандидира за ЕП за ракометари до 18 години што ќе се одржи од 14 до 24 август 2014 година, за кое се пријави и Полска. За ЕП за ракометарки до 17 години, кое е предвидено за 13-23 август 2015 година, Македонија е единствен кандидат. И за двете првенства РФМ ги предложи салите „Борис Трајковски“ во Скопје и „Билјанини извори“ во Охрид.
Конгресот на ЕХФ е интересен за македонскиот ракомет и поради четирите кандидатури за членство во нејзините тела. Драган Начевски е фаворит за нов претседател на Судиската комисија, Марјан Начевски конкурира за потпретседател/член на Ракометниот суд и за член на Апелацискиот суд, Гордана Нацева-Бошева аплицира за член на Ракометниот борд и Ива Чадиковска за место во Комисијата за маркетинг. (Р.Д.)
|