13.06.2012, 23:22 (ЕП 2012) Гомез ја потпиша втората победа на Германија на ЕП
Германците ја совладаа Холандија со 2:1 и со шест бода се зацрвстија на врвот во групата Б
Репрезентација на Германија, безмалку, е првиот четвртфиналист на Европското фудбалско првенство. За потврда на тоа потребен и' е бод во последното коло со Данска по вечерашниот триумф во Харков над Холандија со 2:1. Два гола на Гомез во 24 минута и во 38 минута за зацврстување на "панцерите" на челната позиција во групата Б, оној на Ван Перси беше недоволен за актуелниот светски вицешампион и најефикасен тим во квалификациите да го избегне вториот пораз на шампионатот. Теоретски шанси за нокаут рундата на ЕП 2012 за Холанѓаните, сепак, постојат. За тоа им е потребна победа над Португалија со најмалку три гола разлика и на Германија против Данска (без разлика со колку гола би била изразена) во последното коло. Во таква прилика би се создал круг од три селекции со идентичен број бодови, па за вториот патник во четвртфиналето од оваа конкуренција да одлучуваат гол параметри.
Холанѓаните не можеа да се справат со притисокот што самите го наметнаа со неочекуваниот пораз од Данска во првиот меч. Тргнаа офанзивно, имаа игра и дури три прилики за гол во уводните 11 минути од натпреварот, во сите три во главна улога беше Робин ван Перси, но не успеаја да погодат. Казната стигна во 24 минута кога асистенцијата на Швајнштајгер, Гомез ја претвори во водство на Германија што беше дуплирани 14 минути подоцна од напаѓачот на Баерн Минхен. Во продолжението Германците ја имаа контролата врз играта, а противникот немаше решение да надвладее во средината и во бранови да го нападне голот на Ноер освен во 78 минута кога Ван Перси намали на 2:1, премалку од моќната Холандија вечерва. (С.Д.)
|