Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
08.06.2012, 10:00
Фудбалското лудило може да почне



Полска и Украина од денес до 30 јуни ќе ги нагостат 16 најдобри селекции на Стариот континент

„Меѓу оружјата молчат и законите“, вели една латинска поговорка, нагласувајќи ја моќта на војните кои досега многу пати го зариле своето сечило во ткивата на човештвото, оставајќи трајни белези. Арно ама, луѓето посегнале длабоко во сопствената свест и нашле начин да стават молк и на војувањата. Уште од антички времиња спортот бил симбол на добра волја и обединување, но, очигледно, современата слободна мисла достигнува размери на искривоколченост и им пркоси на некои традиционални вредности, кои од мнозинството се прифатени како светост.

Европското првенство во фудбал претставува собир на амбиции, желби, емоции, поле за верификација на макотрпна работа, шанса за задоволување на поривот за надигрување и, секако, гигантска зделка со огромно финансиско значење. Ова е настан што се подготвува и исчекува четири години, кој (треба да) се наоѓа над сите политички надмудрувања и несогласувања. За жал, ЕП 2012 имаше слаб имунитет пред настани што ги имало и ќе ги има и пред и по првенството. Земјите од западна Европа, наеднаш, станаа толку големи поборници за човековите права, што беа подготвени да го жртвуваат едниот кодомаќин. Осудената украинска опозиционерка Јулија Тимошенко педесетина дена до почетокот на шампионатот почна да штрајкува со глад, во лоша здравствена состојба поради, наводно, малтретирање во затворот во Харков и тоа веднаш созреа во настан достоен да ги затвори портите на Украина за фудбалска Европа. Никој меѓу фудбалските фанатици не е ѕвер да остане рамнодушен на какво било поткопување на човековото достоинство, но, нели, постојат начини тоа да се решава настрана од „приватноста“ на спортскиот собир?

Деновите истекоа, тензијата избледе и спортот повторно победи во смисла на своето постоење - ЕП ќе се одржи без никакви последици од заканите и притисоците. Но, спортот загуби во поглед на сопственото достоинство - политичките лидери покажаа дека можат да си поигруваат со чувствата на милиони, само ако тие лично сметаат дека имаат оправдан повод. Зар мораше да се храни напнатоста и покрај тоа што сите сме свесни дека би било скандалозно да се откаже или да се одложи настан вреден речиси 40 милијарди евра? Или, можеби, политичарите само тестираа колкава е моќта на нивниот јавно изговорен збор.

Најважната споредна работа се' уште стои цврсто со овој статус и ќе ги одбива сите отровни стрели се' додека се храни од чистата емоција. Од денеска па до 30 јуни фудбалските фанатици од Стариот континент ќе се насладуваат на пресметките на најдобрите европски репрезентации на осумте стадиони во Полска и во Украина. Фудбалското лудило може да почне!



Статијата е прочитана 481 пати.

Испрати коментар



Оклахома поведе во финалето на НБА лигата
ЕП 2012 - Полјаците и Русите без победник во меч од висок ризик
ЕП 2012 - Чешка за шест минути ја урна Грција
(ЕП 2012) Шевченко за дебитантска победа на Украина
(ЕП 2012) Франција и Англија си поделија по бод
Надал по седми пат го освои Ролан Гарос
(ЕУРО 2012) Хрватите сигурни против Ирска
Хамилтон победник на Ф1 трката во Монтреал
Дождот го прекина машкото финале на „Ролан Гарос“
(ЕУРО 2012) Италија извлече реми против Шпанија
Мајами е вториот финалист во НБА плеј-офот
(ЕУРО 2012) Гомез кобен за Португалија
(ЕП 2012) Данска ја изненади Холандија
Шарапова победничка на „Ролан Гарос“
Ракометарите со пет гола предност ќе одат на реванш со Австрија
(ВИДЕО) Насилства на почетокот на ЕП, падна првата жртва
Германската тешка артилерија против Роналдо
Ѓоковиќ лесно против Федерер за финале со Надал
Русите демонстрираа сила против Чешка
Полска и Грција ремизираа на отворањето на ЕП
Болт одвај победи во Осло
(ЕВРО ВЕСТИ) Баерн Минхен со десетмина играчи на ЕП

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Четврток
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Одлуката на Хашкиот суд е важна, но таа не го решава прашањето за името

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |