13.06.2012, 11:55 Оклахома поведе во финалето на НБА лигата
„Громовите“ пред своите навивачи го совладаа Мајами Хит со 105:94
Кошаркарите на Оклахома Сити ноќеска постигнаа победа во првиот финален натпревар од НБА лигата, откако пред своите навивачи го совладаа Мајами Хит со 105:94 (22:29; 25:25; 27:19 и 31:21).
Натпреварот беше решен во второто полувреме кое домашните го добија со 58:40.
Кевин Дјурант и Расел Вестбрук беа предводници во победата на „громовите“. Дјурант постигна 36 поени, а Вестбрук 26 поени и 11 асистенции.
Кај Мајами единствен расположен беше Леброн Џејмс, кој реализираше 30 поени.
Финалната серија прв до четири победи продолжува в четврток навечер со натпреварот број 2, а домаќин е повторно Оклахома Сити.
|