15.06.2012, 14:22 Огромен астероид ноќва ќе мине покрај Земјата
Астероидот со широчина од околу 500 метри ќе помине покрај земјата во 1 часот по полноќ
Астероид со големина на „градски кварт“ денеска ќе мине покрај Земјата, но, како што наведуваат астрономите, нема опасност од судар.
Астероидот, кој беше откриен пред неколку дена и oпишан како „невообичаено голем“, нема да биде видлив со голо око, но љубителите на астрономијата ќе можат да го следат преку интернет на сајтот www.slooh.com околу еден часот по полноќ.
Овој астероид, наречен 2012 ЛЗ1, е широк околу 500 метри и се очекува да мине покрај нашата планета на растојание кое ќе биде речиси 14 пати поголемо од одалеченоста на Месечината од Земјата.
Астериоидот го отки астрономскиот тим на Роб Мекнот од Истражувачката школа за застрономија и астрофизика при сиднејскиот Австралиски Универзитет.
Американската Национална вселенска и авионаутичка администрација (НАСА) досега има регистрирано околу 9.000 астероид кои минале покрај Земјата. |