Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.06.2012, 20:19

ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата


За Венизелос Грција нема време за губење и до утре вечер треба да има влада

Нова демократија наместо да даде одговор дали брзо ќе се формира нова влада, создаде нови прашања

Атина - Утре продолжуваат разговорите за формирање нова грчка влада под палка на десничарите Нова демократија. "Разговорите продолжуваат и утре", изјави лидерот на десничарите, Адонис Самарас по неговата средба со Фотис Кувелис од Демократска Левица за која се очекува да биде дел од новата влада. Самарас ја оцени средбата како конструктивна и продолжува со работата за формирање коалициска влада за национален спас која во Грција се оценува дека ќе се формира до утре вечер. Кувелис истакна дека одговорот на прашањето дали ќе има влада или не ќе биде програмата и договорот кој ќе и се понуди на оваа влада.

Средбата со Кувелис беше четврта средба за Самарас кој како мандатор за новата влада и потенцијален нов премиер се сретна со лидерот на опозицијата Алексис Ципрас од СИРИЗА, Евагелос Венизелос од ПАСОК и Панос Каменос од десничарската Независни Грци. Самарас во текот на денот истакна дека ќе се обиде да формира влада во брзо време, како и дека таа влада ќе работи за преговарање на условите за пакетот за штедење за да му олесни на грчкиот народ. Иако се шпекулира кои имиња би можеле да се најдат во новата влада, пратеници и технократи, она што за сега е најверојатно е дека Самарас ќе биде премиер на оваа влада, црвена линија од која десничарите како победници на вторите вонредни избори немаат намера да се повлечат.

Кувелис од Демократска левица, која заедно со ПАСОК се оценува дека ќе бидат дел од новата влада, по средбата истакна дека треба да се формира влада која ќе води политика што ќе гарантира стабилна иднина на Грција во еврозоната, но и веднаш ќе започне преговори за менување и раскинување на некои услови од пакетот за штедење. Посочи дека освен за условите на функционирање на владата ќе треба да има и компромис и договор за лицата кои ќе биде дел од владата.

Лидерот на поранешната владеачка партија, ПАСОК, Венизелос се сретна со Самарас неколку часа пред Кувелис. Без јасно да ги отвори картите, Венизелос истакна дека бара одговорноста во новата влада да ја преземат и СИРИЗА без да се кријат во удобното опозициско столче. Поранешниот министер за финансии побара да се свика лидерска средба на Нова демократија, ПАСОК, Демократска левица и СИРИЗА кај претседателот Каролос Папуљас за да биде договорена влада за национална одговорност. Одлуката на лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас да ја отфрли можноста да прифати мандат за формирање влада или пак коалиција со првата партија, Венизелос ја оцени како недемократска, заканувачка и неодговорна. Венизелос бара СИРИЗА исто како и другите партии да преземе политичка одговорност и да ја задоволи желбата на народот за задржување на државата во еврозоната, а не да седи во агол и да создава услови за пропаст на државата. "И тие што ќе одберат опозиција имаат национална одговорност", истакна Венизелос, потенцирајќи дека партиите треба да испратат порака до народот дека се обединети, а кон меѓународната јавност дека нивната преговарачка позиција останува силна и јасна. (М.П.)


Статијата е прочитана 1368 пати.

Испрати коментар



Меркел сама против сите на Самитот на Г-20 во Лос Кабос
Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
(ФОТО) Отворен „Паркот на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 23°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Четврток
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој утре ќе гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |