19.06.2012, 12:49 Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Секое единаесетто дете е родено вон брачна заедница
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија минатата година вкупно се родени 22.972 деца, од кои живородени се 22.770, а 202 мртвородени. Бројот на живородените деца во 2011., во споредба со претходната година, е намален за 1.526 или за 6,3%.
Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 51.6%, односно на 100 живородени женски деца 106.7 се машки.
Според возраста на мајката, најголемо учество односно 35.3% се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години, следуваат мајки на возраст 20-24 со 24.6%, па мајките од 30 до 34 години со 24.3% итн. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28 години, а 26,2 години на првите раѓања, односно има благ пораст во однос на претходната година. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1984 година.
Во 2011 година се регистрирани 23 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Од вкупниот број на живородени деца, 2.651 или 11.5% се вонбрачни. |