Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
21.06.2012, 13:52
Граѓаните го запоседнаа Градскиот парк за „Види музика, слушни слика...“



Публиката танцуваше и ги потпевнуваше познатите рефрени, а на крајот со громогласни аплаузи го поздрави настапот на филхармоничарите

Класичната рокенрол постава од гитара, бас, тапани и вокал, вчера беше заменета со куп гудачи и дувачи кои им дадоа симфониски манири на популарните песни од „Ролинг Стоунс“, „Полис“, „Лед Цепелин“, „Пинк Флојд“, „Квин“, Тина Тарнер, Ерик Клептон, Мајкл Џексон...

Петтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“ собра неколку илјадници посетители - намерници, но и случајници, на тревникот во првиот дел во Градскиот парк каде што Македонската филхармонија под диригентство на британецот Тимоти Редмонд, ги свиреше познатите теми „Layla“, „Triler“, „Pride“, „Another birck in the wall“, „Ange“, „We are the Champions“, „Every Breath you take“, „Imagine“, македонските „Сонце за три света“, „Сите мои слики“...

Различни генерации, различни профили на луѓе, баби и дедовци со внуци, мајки и татковци, млади и стари, го запоседнаа зеленилото на Градскиот парк сите подеднакво уживајќи во звуците на популарните нумери кои ги одбележаа 80-тите и 90-тите музички години. Публиката танцуваше и ги потпевнуваше познатите рефрени, а на крајот со громогласни аплаузи го поздрави настапот на филхармоничарите и диригентот кој и самиот танцуваше водејќи го оркестарот, а кој настанот го најави на македонски јазик со симпатичен британски акцент. Оркестарот беше збогатен и со четиричлениот бенд на сцената, членови на Филхармонијата и Македонската опера - Александар Поп-Христов на гитара, Иван Бејков на бас, Гоце Стефковски на тапани и Емин Џијан на клавијатури.

Концертот „Рок симфони“, што веќе одамна е познат концепт во светот, симфониските оркестри да се инволвираат и во другите музички жанрови со цел да се популаризира оркестарската музика, беше збогатен со уште два придружни настани. Традиционално и годинава, на две големи платна, инспирирани од звуците на Филхармонијата своите мотиви ги сликаа ликовните уметници Горјан Георгиев и Невзат Бејтули-Кица. Додека редиците кои се создаваа пред штандот за книги, овој пат беа за бесплатните примероци од книгата „Снег“ на Максанс Фермин. (Т.И.)

Статијата е прочитана 607 пати.

Испрати коментар



Kомедија, рок-класика и хорска музика на „Скопско лето“
„Аргентинска лекција“ - најдобар филм во главната селекција на „МакеДокс“
(ФОТО) Јубилејот на Елизабета Втора одбележен и во Скопје
Принцот Вилијам наполни 30 години и доби 10 милиони фунти
„Њуз н��т“ со свое „глобално издание“
(ВИДЕО) Нов гаф на „Мајкрософт“
Фолклорен фестивал и класичен концерт на „Скопско лето“
Највредните предмети на Витни Хјустон одат на аукција
(ВИДЕО) „Мајкрософт“ го претстави Windows Phone 8
Летните приказни на „Или-Или“ почнуваат со „Гордиевата врвка“
Даница Тортевска и Трајче Лозановски се годинешните галички младоженци
(ВИДЕО) Њујорк во пет минути, HD филм на Џејмс Камерун
Предвидување на успешноста на филмовите со математички методи
(ВИДЕО) Банана уметност
Над илјада рекреативци со велосипед на „МавровоТур 2012“
Завршија Рациновите средби
Забава и велосипедизам во Маврово
Огромен астероид ноќва ќе мине покрај Земјата
Никола Маџиров добитник на награда за светска поезија во Кина
(ВИДЕО) Пет премиери на филмови за опуштено лето
Селма Хаек повторно во улога на стриптизета
Пред 4 години со 100 килограми - денес мис
Хју Лори во римејкот „Робокап“
Писателот Зоран Пејковски добитник на „Празник на липите“
Часовник вреден половина милион евра
Англичанец има дресови од 194 репрезентации
Македонките најчесто се мажат на возраст од 25 години
Започнува новиот живот на документарни филмови
Мадона на концерт во Турција покажа града
„Кралицата“ Хелен Мирен во Карлови Вари
Започна „Година на есејот“ во Струга
(ФОТО) Светските новински фотографии во Скопје
Новото „пежо 208“ пристигна во Македонија
Почина Реј Бредбери, бардот на научната фантастика
Се урна ѕид на тетовското Кале

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 30°C

Обилни врнежи

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |