Специјално за нашите читатели направивме избор од пет филмови за летно кино. Ова се филмовите кои својата премиера треба да ја имаат на почетокот на летото:
To Rome with love – Филм на Вуди Ален, препознатлив со својот хумор, покрај режисер и сценарист на филмот, има и улога. To Rome with love е модерна адаптација на делото на Џовани Бокачо - „Декамерон“. Својата премиера ќе ја има на 22 јуни во Америка.
Brave – Анимираниот филм е во режија на Марк Ендрурс и Бренда Чапман. Гласовите на главните ликови ги позајмуваат Кели Меконалд (принцезата Мерида), Ема Топмсон (кралица Еленор) и Били Коноли (како крал Фергус). Филмот раскажува за Мерида, која е одлучена сама да го пронајде вистинскиот пат во животот и со своето однесување се судира со традиционалните обичаи, со што предизвикува проблеми во кралството. Американската премиера е закажана за 22 јуни.
Rock of ages – Мјузикл кој е направен според Бродвејдската претстава „Rock of ages“. Приказната на филмот е за двајцата млади, девојка Шери и момче Дру, кои се среќаваат и го исполнуваат својот Холвудски сон. Екипата на глумци која учествува во овој проект се Кетрин Зета Џонс, Мери Џеј Блејџ, Расел Бренд и многу други. Филмот почнува да се прикажува во кино од 15 јуни.
Step up revolution – Продолжение на филмот за уличните изведувачи и нивниот сон да успеат од дното да се вивнат во височините на музичката индустрија. Во ова филмско остварување ја носи приказната на Емили, која пристугнува во Мајами со желба да стане професионална танчерка. Премиерата на филмот ќе се прикаже на 27 јули во Америка.
The Amazing Spider Man – Филм во режија на Марк Веб, во главните улоги на Ендрју Гарфилд (во улога на Питер Паркер) и Ема Стоун (како Гвен Стејси). Приказната за филмот започнува со Паркер, кој наоѓа трага што може да му помогне да разбере зошто неговите родители исчезнале, кога тој бил мал. Неговиот пат го води кон судир со докторот Курт Конорс, поранешен партнер на неговиот татко. Филмот ќе почне да се прикажува во кината во Америка на 3 јули.