13.06.2012, 17:07 Повторно на училиште за да матурира
Поради проблематичното тинејџерство, 41-годишниот американски актер Марк Валберг не го завршил средното училиште, но да се положи матурата никогаш не е доцна. Тој одлучил да се образува, па тргнал на курс преку интернет, кој ќе му овозможи конечно да матурира.
Кога имал 16 години, Марк минал дури 45 дена во затвор, зашто претепал човек. Поради тоа, морал да се прости од кариерата во бој-бендот „Њу кидс он д’блок“, во кој пеел неговиот постар брат Дони.
„Седев во затворот и го гледав својот брат на телевизија како го освојува светот и заработува милиони“, се присетил актерот гостувајќи кај Дејвид Летерман. Иако е среќен поради враќањето во средното училиште, признава дека поради некои предмети е многу нервозен.
„Се запишав на програма во Масачусетс, каде што предавањата се одржуваат преку интернет. Училиштето започнува оваа седмица и сигурен сум дека ќе матурирам. Мора да ги ислушам сите предмети што ги пропуштив како дете, па малку сум нервозен“, возбуден е Валберг, кој планира матурата да ја положи за осум месеци, а ќе учи и во приколката во текот на паузата за време на снимањето на филмовите. |