17.06.2012, 10:01 Втор круг од парламентарните избори во Франција
Во Франција денеска се отворени избирачките места за вториот круг од парламентарните избори на кои се очекува социјалистите на претседателот Франсоа Оланд и нивните левичарски сојузници да освојат мнозинство - и тоа рекордно во историјата на петтата француска република.
Во парламентот за првпат по 14 години може да влезат и екстремните десничари под водство на Марин ле Пен.
Француските бирачи треба да изберат 541 пратеник бидејќи 36 се вече избрани во првиот круг на 10 јуни. Социјалистите и ивните сојузници во првиот круг освоија 46 отсто гласови, Блокот на десниот центар 34 отсто додека Националниот фрон на Марин Ле Пен освои 13,6 отсто гласови. |