12.06.2012, 17:58 Полуматурант се удави во Пчиња
Петнаесетгодишно момче се удави завчера во водите на реката Пчиња. Скопјанецот Стефан Пирков заминал со другарите во Катланово да се разлади од големите горештини, но пладневната прошетка за него била кобна.
Момчињата седеле на брегот и во еден момент Стефан одлучил да влезе во водата. Тој набргу почнал да се дави и другари му притрчале на помош. Тие се обиделе да му помогнат, но не можеле да го спасат. Преплашените момчиња почнале да бараат помош.
Неколку часа траела потрагата по телото на момчето, кое го повлекла реката. На помош пристигнале и специјалните полициски сили, кои завчера попладне успеале да го пронајдат телото на удавеното момче. |