Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.06.2012, 10:08

Крстопат-избори во грција

На претходните избори ниту една партија не успеа да формира влада поради огромните разлики околу мерките за штедење наметнати од ЕУ и ММФ

Во Грција утрово во седум часот по локално време (шест по македонско), почна гласањето на најважните избори за земјата во последните неколку декади, јави дописникот на МИА од Атина.

Околу девет милиони и 850 илјади Грци со право на глас треба да го изберат следниот четиригодишен состав на 300-члениот парламент. Граѓаните овој пат ќе избираат меѓу 21 партија и коалиции и 58 независни кандидати, што значи вкупно 4.873 кандидати. На изборите на 6 мај излегоа 31 партија и коалиции и 52 независни кандидати, односно вкупно 6.500 кандидати.

Според анкетите, само 10 партии ќе го поминат прагот од три проценти за влез во парламентот. Според изборниот закон, партијата која ќе освои најмногу гласови, автоматски добива дополнителни 50 места во парламентот што го олеснува патот до постигнување на целта од 151 место кои се потребни за формирање влада.

Се очекува најмногу гласови да добијат конзервативната Нова демократија, Коалицијата на радикалната левица – Сириза и ПАСОК.

Сепак, и овој пат не се очекува ниту една партија да освои апсолутно мнозинство. Во тој случај, претседателот на државата и дава на најголемата група три дена да формира влада. Ако тоа не се случи таа шанса ја добива второпласираната партија, па потоа третата и така натаму. По изборите што се одржаа на 6 мај, ниту една партија не успеа да формира влада поради огромните разлики во врска со владините мерки за штедење наметнати од ЕУ и ММФ.

Фирмата „Сингулар Лоџик“, која е одговорна за собирање и дистрибуирање на изборните резултати, соопшти дека првата „сигурна“ проценка на резултатите од изборите би требало да биде објавена околу 21 часот и 30 минути по локално време.


Статијата е прочитана 267 пати.

Испрати коментар



Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на н��вработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Нов топол бран со температури до 39 степени
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Бура реакции по договорот за декриминализација на клеветата
Познат идентитетот на жената која беше оставена во поликлиниката „Бит-пазар“
Изгласана одлуката за преименување на улиците во Скопје
Соопштение на Амбасадата на САД по повод одземената лиценца на „А2“
Претепани патници во автобус на ЈСП Скопје
Инцидент пред Советот на Град Скопје
Почнаа уписите за средните училишта
Камерон го поздрави решението за референдум на Фокландите
„Цајт“- На Грција веројатно и е потребен трет пакет помош од ЕУ
СРД и ја одзеде дозволата на Телевизија А2
ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата
Робин О Нил- Македонија во ОН да биде примена под уставното име
Дојче Веле- ЕУ ја толерира блокадата на Македонија
Денеска тропски теператури над 38 степени
Mомчиња повредени кај „Мавровка“
Скопјанка почина по пад од седми кат
Полуматурант се удави во Пчиња
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 15°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 14°C

Среда
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |