12.06.2012, 17:58 Скопјанка почина по пад од седми кат
Шеесет и тригодишна скопјанка е пронајдена мртва на улицата „Босна и Херцеговина“ во населбата Чаир. Вчера, околу 11,45 часот, соседите го забележале мртвото тело, по што повикале полиција. Станува збор за самоубиство, тврдат станари на зградата број 2. Според нив, жената живеела сама, а животот си го одзела со скок од седмиот кат.
Надлежните извршија увид, а телото на скопјанката е предадено за обдукција. Првично, не биле констатирани траги од насилство. Од полицијата велат се' уште истражуваат дали се работи за самоубиство. (Г.А.)
|