18.06.2012, 08:44 Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Почнува реконструкцијата и проширувањето на вториот дел од „Митрополит Теодосиј Гологанов“
Град Скопје денеска ја почнува реконструкцијата и проширувањето на вториот дел од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Почетокот на градежните работи на крстосницата на улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Франклин Рузвелт“, во паркот пред зградата на Министерството за економија, ќе го означи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. |