Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.06.2012, 13:34
Нови инвестиции на „Лукоил” во Македонија



Премиерот Никола Груевски денеска во Санкт Петербург се сретна со директорот на руската нафтена компанија, Вагит Алекперов

„Лукоил“ планира да ја зголеми инвестицијата во Република Македонија. Ова беше тема на денешната средба на премиерот Никола Груевски, со директорот на компанијата „Лукоил“, Вагит Алекперов во Санкт Петербург каде учествува на Меѓународен економски форум.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Груевски потенцираше дека Владата на Република Македонија е подготвена да даде целосна поддршка на реализација на плановите на руската компанија. Притоа премиерот Груевски истакна дека влезот на „Лукоил“ на македонскиот пазар ја подобрил конкурентноста и ги унапредил процесите од корист за потрошувачите и граѓаните.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка и посветеност за продолжување на процесите од интерес и за нашата држава и за руската компанија.

Премиерот Груевски, во рамки на посетата на Русија, денеска во Санкт Петербург ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Средбата ќе даде нов сигнал и насока за политичките односи меѓу двете земји, но и за економските односи меѓу двете земји во следните години. Таа е уште една потврда дека Република Македонија во Русија е примена на највисоко ниво и дека има извонредно отворена врата за развој на политичките, но пред се и за економските односи.

Премиерот Груевски ќе присуствува и на отворањето на престижниот и реномиран Меѓународен економски форум на Санкт Петербург, како и на заеднички ручек со шефови на држави и влади кој го организира рускиот претседател Путин. На овој престижен форум, традиционално учествуваат реномирани економски експерти, аналитичари, бизнисмени и политичари.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум за презентација на инвестициските можности и поволности кои Република Македонија ги нуди на странските инвеститори. При престојот во Санкт Петербург, премиерот Груевски ќе го отвори и почесниот конзулат на Република Македонија во Руската Федерација.

Минатите денови владиниот тим оствари посета на повеќе руски градови каде беа одржани бизнис форуми за презентирање на македонските поволности за инвестирање, а во рамки на посетата на Руската Федерација, Груевски оствари средби и со губернатори на повеќе области.

Македонската делегација ја почна посетата на Руската Федерација во Москва каде можностите за инвестирање во Македонија беа презентирани пред околу стотина руски инвеститори, а беше потпишан и договор за соработка меѓу Република Македонија и Московската област.






















Статијата е прочитана 851 пати.

Испрати коментар



Сервер - Налепница „Јужна Македонија“ за грчките таблички
Груевски очекува грчката влада да биде посветена на решавање на името
Имигранти од Авганистан пронајдени во камион
Грчкиот премиер Самарас опериран, Рапанос стабилен
Осуммина Чеси загинаа во сообраќајка во Хрватска
Вицепремиерот на Косово, Хајредин Кучи поднесе оставка
Интернет-платформа со 100.000 корисници
(ФОТО) Млади��е скопјани се разладуваат во реката Треска
Македонија се приклучува на проектот „Јужен поток“
(ФОТО) Со нова опрема до поефикасна истрага на местото на злосторството
Викендов посвежо време
Шест години затвор за обвинет во случајот „Монструм“
(ФОТО) Одбележан денот на основачот на СОС Детското село
Поевтини слободните карти
Џони Деп ќе и остави 155 милиони долари на Ванеса Паради
Еден загинат при експлозија на автомобил во Белград
Асанж тврди дека е жртва на американски заговор
Пет месеци затвор за стружанец за палење на знамето
Директорот на „Епл“ најплатен менаџер
Жителите на Велешта изборија со сила правдина!?
Завршува судењето на Брејвик, пресудата во август
Европскиот парламент ја отфрли АКТА
Жртви при напад врз хотел крај Кабул
Мудис го намали рејтингот на 15 големи банки
Груевски - Полна поддршка од Путин за економските проекти
Тачи блиску до пакт со Црвенковски и Георгиевски
Димитрис Аврамопулос е новиот пилот на грчката дипломатија
(ФОТО) Скопјани се разладуваа од тропските горештини во базенот „Бисер“
(ВИДЕО) Канал 5 заработи тридневна забрана за рекламирање
Нови предлог економски мерки на СДСМ
Опожарен автомобил пред ВИП хотелот во Скопје
Груевски се сретна со Путин во Санкт Петербург
(ВИДЕО) Запленети 76 кг марихуана шверцувани преку Охридско езеро
Исчезнат скопјанец пронајден удавен во Вардар
Tетовец уапсен по неуспешен обид за убиство во Скадар
Промовирани убавините на Македонија во Вашингтон
Скоро 100.000 Македонци живеат во Австралија
Во Дебарско Eзеро се удави петнаесетгодишно момче
Адриан Настасе се обидел да се самоубие
Груевски денеска на средба со Путин
Прв ден од летото
Среќен крај на заложничката криза во банката во Тулуз
Самарас на чело на новата грчка влада
Високите температури ризични за сообраќајот
Виз ер амбициозно влегува во Македонија
Венизелос - Грција има влада
Преговорите за новата грчка влада се` уште траат
Скопјанец 13 пати избоден со нож на куќниот праг
Уште потопло време до недела
Меркел сама против сите на Самитот на Г-20 во Лос Кабос
Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
(ФОТО) Отворен „Паркот на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија



васко, 21.06.2012 20:07:53
Коректна бизнис клима доведува до соодветен фидбек од инвеститорите.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 26°C

Делумно облачно

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |