Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.06.2012, 20:59

Самарас на чело на новата грчка влада

Адонис Самарас е новиот грчки премиер, а Грција до крајот на денот ќе го знае и составот на новата влада во која учествуваат десничарската Нова демократија, социјалистите ПАСОК и Демократска левица.

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Адонис Самарас е новиот грчки премиер, а Грција до крајот на денот ќе го знае и составот на новата влада во која учествуваат десничарската Нова демократија, социјалистите ПАСОК и Демократска левица. По положувањето на заклетвата, новиот грчки премиер Самарас истакна дека од новата влада ќе побара многу работа за да може да му се влее надеж на народот.

"Патриотизам, силно национално едиство и доверба. Со Божја помош ќе направиме се од себе за нашиот народ што побрзо да излезе од кризата", истакна Самарас на излегувањето од претседателската палата. По положената заклетва Самарас замина во премиерската палата за да ја преземе функцијата од преодниот премиер Панајотис Пикраменос. Пикраменос честитајќи му посочи дека го чека тешка работа и внатре во земјата, но и надвор со меѓународните партнери. Премиерот кој овој месец ја водеше грчката влада му порача на Самарас да се погрижи да почнат да функционираат основните столбови на општеството како образованието, здравството, безбедноста и енергетскиот сектор, како и да се погрижи Грција да ја добие повторно позицијата која ја заслужува во Грција.

Новата влада се очекува да положи заклетва утре. Во новиот состав се најавува дека ќе има 16 министри и 12 заменици министри. Се уште се шпекулира со имињата на новите министри. Речиси сигурно е името на новиот министер за финансии кој во моментов и е најважен на Грција. За ова место се коментира дека се спрема професорот Василис Рапанос. Овој сектор ќе биде и првиот предизвик на Грција, која утре треба да испрати свој претставник на состанокот на Еврогрупата. Како што најави лидерот на ПАСОК, Евагелос Венизелос на состанокот со овластување од новиот премиер ќе оди министерот за финансии во Заминување, Јоргос Зањас.

За министерството за надворешни се шпекулираше со имињата на Димитрис Аврамопулос, заменик-претседател во Нова демократија и поранешен министер за одбрана, и Панос Панајотопулос кој е одговорен за надворешна политка во Нова демократија.

ПАСОК и Демократска левица нема да учествуваат со свои пратеници во владата, туку предлагаат технократи кои се блиски до нивните политички идеологии.

Венизелос во изјавите посочи дека она што е клучно покрај одбирање на најспособните личности за новата влада е одбирање на силен националиот тим за преговарање на условите за грчкиот заем. Истакна дека Нова демократија, ПАСОК и Демократска левица ја презем��ат одговорноста да формираат влада и со тоа да преземат обврска да преговараат за менување на условите на доворот за заем. Изрази жалење што СИРИЗА и Алексис Ципрас одбиле да учествуваат во тимот за преговарање, што според него е прашање од државно значење. Првиот предизвик за Грција и овој тим за преговарање ќе биде самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни, каде владата ќе ја почне битката со европските партнери за измена на условите и покрај изјавата на претседателот на Еврогрупата, Жан Клод Јункер дека нема простор за преговарање на условите.


Статијата е прочитана 756 пати.

Испрати коментар



Груевски - Полна поддршка од Путин за економските проекти
Тачи блиску до пакт со Црвенковски и Георгиевски
Димитрис Аврамопулос е новиот пилот на грчката дипломатија
(ФОТО) Скопјани се разладуваа од тропските горештини во базенот „Бисер“
(ВИДЕО) Канал 5 заработи тридневна забрана за рекламирање
Нови предлог економски мерки на СДСМ
Опожарен автомобил пред ВИП хотелот во Скопје
Груевски се сретна со Путин во Санкт Петербург
(ВИДЕО) Запленети 76 кг марихуана шверцувани преку Охридско езеро
Нови инвестиции на „Лукоил” во Македонија
Исчезнат скопјанец пронајден удавен во Вардар
Tетовец уапсен по неуспешен обид за убиство во Скадар
Промовирани убавините на Македонија во Вашингтон
Скоро 100.000 Македонци живеат во Австралија
Во Дебарско Eзеро се удави петнаесетгодишно момче
Адриан Настасе се обидел да се самоубие
Груевски денеска на средба со Путин
Прв ден од летото
Среќен крај на заложничката криза во банката во Тулуз
Високите температури ризични за сообраќајот
Виз ер амбициозно влегува во Македонија
Венизелос - Грција има влада
Преговорите за новата грчка влада се` уште траат
Скопјанец 13 пати избоден со нож на куќниот праг
Уште потопло време до недела
Меркел сама против сите на Самитот на Г-20 во Лос Кабос
Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
(ФОТО) Отворен „Паркот на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |