| 21.06.2012, 08:48 Прв ден од летото 
 До сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со многу висока вредност на УВ-индексот Утрово во 01 часот и 9 минути календарски започна летото. Во исто време за жителите на јужната хемисфера започна зимата. Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од променлив правец. 
 Температурата ќе се движи од 31 до 38 степени.
 
 Во Скопје и околината слично време, со температура до 36 степени.
 
 УВ-индексот и утре ќе има висока вредност и ќе изнесува 9.
 
 До сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со многу висока вредност на УВ-индексот која ќе изнесува 9. Промена на времето се очекува во недела кога во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе опадне за неколку степени и ќе се движи од 28 до 36 степени.
 
 
 
 
 |