08.06.2012, 23:31 Ѓоковиќ лесно против Федерер за финале со Надал
Најдобриот светски тенисер во полуфиналето на Ролан Гарос му врати на Швајцарецот за ланскиот пораз (6-4, 7-5, 6-3)
Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ избори пласман во финалето на Ролан Гарос, откако попладнево во полуфиналето го совлада Роџер Федерер со 3:0 во сетови (6-4, 7-5, 6-3) во сетови. Воедно Ѓоковиќ му се раваншираше на Федерер за ланскиот пораз во полуфиналето.
За српскиот тенисер ова ќе биде прво финале на Ролан Гарос, додека неговиот противник Рафаел Надал ќе го игра седмото финале во Париз, а во досегашните шест нема пораз.
Најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ доколку победи во финалето има можност да ги освои сите четири „Грен слем“ турнири во низа.
Во првото полуфинале Надал го победи Давид Ферер со 3:0 (6:2; 6:2 и 6:1) по сетови.
Машкото финале Ѓоковиќ – Надал се игра в недела, а утре на програмата е женското финале Марија Шарапова (Русија) – Сара Ерани (Италија).
|