Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
07.06.2012, 18:47

Бизнисмените најавуваат нови вработувања

Претприемачите кои веќе почнале бизнис со пари од државата гледаат со оптимизам на владините мерки

Маја Томиќ

И претприемачите се задоволни од владините мерки со кои ќе се субвенционира самовработувањето и отворањето нови работни места и најавуваат проширување на бизнисите. На вчерашната средба во Агенцијата за вработување (АВРМ), меѓу министерот за финансии Зоран Ставрески, за економија Ваљон Сарачини, за труд и социјала Спиро Ристовски и претприемачи кои веќе почнале свој бизнис со пари од државата, тие ги искажале досегашните резултати и изразиле верување дека со новите мерки ќе се им се даде нов поттик на лицата да отворат сопствен бизнис. Владините претставници, пак, на средбата сакале да ги слушнат директно согледувањата и забелешките на претприемачите за да проценат дали мерките се вклопуваат со барањата на бизнисот.

„Од 12 мерки, два проекта се директно насочени за вработување, преку обука за познат работодавец и самовработување. При тоа, преку обука ќе може да аплицираат околу 750 невработени и дополнително 250 лица на возраст до 27 години. Обуката ќе се врши во АВРМ и работодавците ќе можат да ангажираат работници. За таа цел на сметката на Агенцијата ќе се префрлат околу 4,5 милиони евра. Средствата ќе бидат на располагање од почетокот на јули и се надевам дека ќе има голем интерес“, изјави Ставрески.

Тој повторно објасни дека со првиот од двата проекта за 1.000 нови вработувања се предвидува кредит за дополнителни 550 вработувања во фирми формирани со мерките за самовработување со кредит и грант, како и за микро и мали претпријатија кои имаат најмалку двајца вработени и егзистираат на пазарот минимум една година.

Министерот Сарачини посочи дека Агенцијата во јули ќе го објави јавниот повик на кој ќе можат да аплицираат компании заинтересирани за субвенции за вработување, а илјада лица ќе имаат можност преку обука во рок од три месеци да ги покажат своите квалитети и да се вработат.

Пред медиумите изјава даде и Дејан Трифуновски, стоматолог, кој има своја ординација веќе пет години и го почнал бизнисот со поддршка на Владата, од претходните мерки.

„Нашиот бизнис функционира пет години. Финансиите се пресудни во медицината за да се партиципира на еден модерен начин“, изјави Трифуновски. Тој планира проширување на дејноста со други хируршки гранки и веќе прави планови за зголемување на бројот на вработените, кои сега се петмина.


Статијата е прочитана 591 пати.

Испрати коментар



Дигитална агенда
Енди Пејкоф член на „Македонија 2025“
„Оне“ со поголема заработувачка во првиот квартал
Алфа банка со поевтини кредити
Новото „пежо 208“ пристигна во Македонија
НБМ
Владата се труди за економијата, но дали успева



Istocna Makedonija, 08.06.2012 07:07:06
Po udarot na ,,Titanik vo mrazot,tonenjeto e neizbezno!Kakvi vrabotuvanja,kakvi bakraci?!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 32°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |