Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
08.06.2012, 14:39
Делата на СДСМ се транзицијата и криминалната приватизација



Делата на СДСМ се транзицијата и криминалната приватизација. Тие не дебатираат, тие навредуваат, провоцираат, арогантно се однесуваат. Тоа е така затоа што немаат аргументи, рече на денешната прес - конференција портпаролот на ВМРО - ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Тој нагласи дека не само што една недела одбегнуваат да одговорат каде тие ги трошеа парите додека беа на власт и зошто ништо не се градеше, немаше проекти и мерки, СДСМ одбегнува дури и да ја понесе одговорноста за криминалната приватизација.

Бичиклиски денеска потсети и на некогашниот гигант „Центро“, кој беше меѓу првите која престана да работи во времето на Бранко Црвенковски.

- На улица, брутално беа избркани околу 1.200 граѓани. Тоа се 1.200 семејства кои преку ноќ беа отпуштени, а објектите на оваа фирма ги разграбаа моќниците блиски на СДСМ. Додека тие се богатеа, 1.200 семејства едвај крај со крај врзуваа. Тоа се упропастени човечки животи, рече портпаролот на ВМРО - ДПМНЕ.

Слична судбина, посочи Бичиклиски, ги снајде и вработените од Славија, Рудници и Железарници Скопје, Треска Мебел, Фас 11 Октомври, Алумина, Стаклара, Газела, Црвена Звезда Скопје, Хемтекс, МЗТ, Комуна, Циглана, Типо, Стаклара…Се затворија и многу други фабрики низ цела Македонија, подвлече, се затвори Чик Куманово, Порцеланка Велес, Рудник Злетово, Бентомак-Крива Паланка, Силика Гостивар, Анска Река Валандово, Предилница Битола, Жито Битола, Злетово Батерии, Киро Фетах, Микрон Прилеп, Илинденка, Тајмиште Кичево, Македонка Штип, Руен Кочани, Винојуг Гевгелија, Отекс Охрид, Етко Тетово и многу други.

- Овие затворени фабрики и илјадници отпуштени работници е она што го правеше СДСМ и Бранко Црвенковски кога беа на власт. Тоа се нивните единствени дела. Македонија памети, рече на денешната прес - конференција Александар Бичиклиски.










Статијата е прочитана 593 пати.

Испрати коментар



Еврогрупата ќе и помогне на Шпанија со сто милијарди евра
Жозеп Дол - Да не се блокира Македонија само поради името
Високи температури со ниво на предупредување од прв степен
Груевски - Посетата на Скандинавија помина успешно
Средношколците полагаат државна матура
Борисов - „Не снимајте хитлеровски филмови за нас“
„Бихаќска“ стана „Павел Шатев“
Столтенберг - Македонија треба да биде членка на НАТО
Новинарите на протест в понеделник
Владата и општините ќе овозможат 4000 нови вработувања
Од банка во Капиштец украдени 7.000 евра
Анан - Целиот регион ќе експлодира
Судски спор решавале со метална шипка
Бетонска плоча падна врз двајца работници во Охрид
(ФОТО) Илинска планина ги остави без сон демирхисарци
За Балканот патот кон ЕУ ќе биде потежок
Утрово повторно почувствувани земјотреси во Македонија
Дански компании заинтересирани за бизнис во Македонија
Се урна ѕид на тетовското Кале стар 200 години
Хорор на автопатот Скопје-Атина
(ОБНОВЕНО) Сега Кипар ќе не турка во ЕУ
Нова демократија пак го обвини македонскиот државен врв
(ФОТО) „Не забораваме!“ - граѓаните потсетија на Мартин Нешкоски
(ВИДЕО) Член на Златна зора „делеше“ шлаканици во емисија во живо
(ФОТО) Двокатен автобус удри во зграда на ул. „Даме Груев“
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Riste Ilievi, 08.06.2012 15:08:08
Лошо,лошо!
acko, 08.06.2012 16:07:35
Zza kriminalna tranzicija i privatizacija prasaj go svojot pastir ke ti kaze poveke.Dosta e so propaganda goli ste pred graganite.Veruvas vo gospod pretpostavuvam,zatoa plasi se za site izreceni lagi pred nego ke odgovaras i se razbira pred graganite.........
Гајвер, 08.06.2012 16:56:47
Да ама вашите се ГЕНОЦИД кон сопствениот народ.
Од редовен читател, 08.06.2012 18:53:41
Па ако е така, зошто за 6 години не ги испоапсивте криминалците од СДСМ и да ги пикнете во затвор? Или тоа ви е само една флоскула на која за жал наседнуваат простите ваши членови и симпатизери.
O TRPNAT, 08.06.2012 19:26:36
NEMA POTREBA OD KOMENTAR SAM ZA SEBE E KOMENTAR .VO ISTO VREME SE I VLAST I OPOZICIJA ,KOGA SAKA I PROTIV KOGO SAKA SI PRAVI , DEMOKRATIJA E LUGE NE ZABORAVAJTE .
Meto, 08.06.2012 19:42:25
Свесни сме самите дека СДСМ ни донесе само сиромаштија . Само они самите може да се удираат во гради дека тоа не било така .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |