Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
08.06.2012, 17:18

Умре Бихаќка, се роди Павел Шатев



Во предложената листа се предвидува едно име да се избрише од една улица, за тоа да се искористи за ново име за друга улица. Таков е примерот со имињата на Павел Шатев, Мајка Тереза, Васил Чакаларов, Адолф Циборовски. На некои личности, пак, ќе им се укаже чест по нив да бидат именувани два инфраструктурни објекта. Таков е случајот со Мајка Тереза и Тодор Александров. По нив ќе се именуваат и улица и мост.

Деспина Трајковска


Скопјани уште денес можат да почнат да ги учат новите имиња на дел од улиците, мостовите и парковите. Засега е утврдено како ќе се преименуваат два моста и еден парк и 29 од речиси триста улици што ќе добијат нови имиња.

Седиштето на СДСМ веќе нема да биде со адреса „Бихаќска“. Таа улица отсега ќе се вика „Павел Шатев“. Кафе-шема нема да се тера на „Ленинова“, туку на „Аминта Трети“. „Максим Горки“, улицата со убава глетка на јапонските цреши во центарот на Скопје, сега ќе ја лоцираме како „Никола Кљусев“. Во Ново Лисиче нема да поминуваме по мостот „Близнак“, туку по „Тодор Александров“, чие име ќе го носи и улицата „Салвадор Алјенде“. Според Мајка Тереза, ќе се прекрстат мостот „Република“ и улицата „Водњанска“, а пак нејзиното име ќе се избрише од една улица, која отсега ќе се вика „Адолф Циборовски“.

Овие имиња, всушност, се прва фаза од проектот за преименување на улиците во главниот град. Се очекува тие да добијат „зелено“ светло в четврток, на седница на Советот на град Скопје. Советниците се очекува да ги одобрат сите утврдени предлози, со оглед и на досегашните одобрени листи, благодарение на мнозинството на владејачката коалиција во Советот.

Предложено е две улици да ги носат имињата на поранешните претседатели на државава. Улицата „Првомајска“ е предложено да се преименува во „Борис Трајковски“ а, пак, по првиот македонски претседател Киро Глигоров е предвидено да се именува булевар „Војводина“. Улицата „Железничка“ е во план да се именува по Јордан Мијалков.

Се предлага и поранешниот американски претседател Роналд Реган да добие своја улица, односно неговото име да го носи досегашната „Васил Чакаларов“. Улицата, пак, што досега се викаше „Павел Шатев“ ќе се преименува во „Владимир Полежановски“ а „Кумбара“, пак, ќе биде новото име на „Севастополска“. Во оваа фаза, дел од предложените имиња се и „Христо Батанџиев“, „Антон Димитров“ и „Петре Пирузе“, кои би ги замениле „Социјалистичка зора“, „Жарко Зрењанин“ и улица „Мексичка“.

Се предлага промена и на познатата со децении „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Таа сега би го носела името „Кирил и Методиј“. За „Маршал Тито“ од одамна е решено да се вика „Македонија“.

Градските власти одлучиле досегашните улици „Стив Наумов“ и „Војвода Васил Аџиларски“, со оглед на правецот на протегање, да се спојат во една улица која ќе го носи името „Филип Втори“. Исто така, објаснуваат од градот, улицата „Христо Батанџиев“, бидејќи не ги исполнува урбанистичко-техничките услови за улица, треба да се приклучи кон улица „Галичник“.

Во оваа фаза е утврден и предлог за ново име на еден парк. Односно, просторот помеѓу улиците „Самуилова“ и „Свети Прохор Пчињски“ на Кале е предвидено да го носи името на Мустафа Кемал Ататурк.

Кога ќе бидат утврдени останатите преименувања на улиците, мостовите и другите инфраструктурни објекти, наводно, се' уште не е познато. Тоа значи дека допрва ќе се одлучува кои улици ќе се преименуваат со другите над двестето предлози, речиси сите прифатени од владејачката коалиција.


Статијата е прочитана 2065 пати.

Испрати коментар



Борисов
Ниту Иванов не оди на инагурацијата кај Николиќ
Груевски
Спортот во функција на толеранцијата
Новите уставни судии го почнаа мандатот
Разногласие во СДСМ за коалиција со Георгиевски?
Колку побрзо во НАТО, толку подобро за стабилноста



boban, 09.06.2012 00:58:26
ciborovski od sekogas postoela a so probivanje na ivo lola(mitropolit gologanov)kon hrom ciborovski si dobi lik od mostot nerezi do porta vlae i spojot so g.petrov
BRANKO.vo OKUPIRAN POLOG zapadno od GRUMSIN., 09.06.2012 01:32:00
So ASTRONOMSKA brzina makedonija se BUGARIZIRA I ALBANIZIRA i eve sega PREDSTOLNINATA NA CAR DUSAN SILNI ke se preimenuva vo tursko kale koe ke go nosi imeto od turskiot JEVREIN ATATURK .
viktor, 09.06.2012 02:07:38
Конечно еден паметен потег, Бихаќчка едвај моше да се изговори на македонски.....Со среќа нови и нормални имиња.
kmanmil, 09.06.2012 02:12:38
Vo Wikipedia jasno moje da se vidi kakov po nacionalnost e Pavel Shatev. http://en.wikipedia.org/wiki/Pavel_Shatev
do nepismeniot Branko vo okupiran polog, 09.06.2012 04:50:30
Mustafa Kemal ne e evrein tuku Makedonec po majka, ako si tolku nepismen odi na internet i taa informacija e javna, a i tatko mu za kogo pisuva deka e albanec e vsusnost makedonec-musliman ili kako sto nie pogrdno gi vikame (sto treba da go ispravime) torbes. Zatoa ne TRESI GLUPOSTI ocigledno deka avtorot e srbin ama leci si gi frustraciite na drugo mesto
ФЕЛИКС, 09.06.2012 08:38:52
Еве најпосле им се исполни желбата на некои опозициски коментатори кога пишував за Бихаќевците,бараа да не го споменувам овој поим за нивните.Испадна ,,од трново на глогово,,целава ситуација,сега добија знак за распознавање на гемиџија кој е всушност поднаслов за ВМРО-вец.Ќе ми биде сега потешко оти деснава рака ми се научила на она,,Бихаќевци,,.Поради сето ова мислам дека е најдобро да се смени митингашката маршута.Па така веднаш улетување во жолтите маички и ,,трком,, на протестен митинг во Скопје.А и корисно е од аспект на заморните патувања и преспивање по туѓи куќи и придружни објекти.Сепак дома си е дома и со ништо не може да се замени спиењето во сопствен кревет.
Istocna Makedonija, 09.06.2012 09:08:39
Neka se preimenuvaat ulici so iminja na zasluzni lic- nosti od nasava istorija i so izdrzana argumentacija. Tuka nisto ne e sporno.No,kakvi sme,mozno vo nekoi drugi vreminja preimenuvanite,povtorno i sega vo obraten pravec,da bidat preimenuvani!
od ostrijot, 09.06.2012 09:19:49
ako prekrstuvate ulici so iminja na tugi drzavjani togas stavete i car boris i kralj petar iminja ima kolku sakate.
Баба Ката од Секулицу, 09.06.2012 10:04:16
Скапи браќа и длабокомислечки вмро-ОВЦИ направисте голем пропуст. Куде ви се улиците за цар Фердинанд, цар Борис? Особено се радују што га има и Р. Реган!Доста ни беше Ленин и Горки! Е да не забораву.Да не беше то собрање прво у Бихаќ,а после у Јајце немаше да се појави ни (чи��и ми се) Демократска народна република Македонија и на, крај, оваа сегашна несреќна Македонија... Ту да ибу стрину,има ли меѓу вас некој сос два грама памет?
rajko, 09.06.2012 10:36:39
sepak vistinskoto lice na vmro e bugarizacija ama se sramat pa...no mozebi i sme bugari samo sto neznaeme....a nisto ne spomnavte za albanskite imenuvanje na drugra str od vardar...znaci odime po patot bugarija granica albanija.
Aleksandar Laka, 09.06.2012 10:50:19
Predlogot generalno e izdrzan iako sigurno ima i mani.Da receme mislam megju urbanistite so svoja ulica treba da e i Doksijadis,iako imho mozebi povece zgresil otkolku pomognal.Baska i dobar gest kon bracava. A za Bihacka mislam deka i na Sdsm mu bilo jasno deka mora da se meni.
pero propelero, 09.06.2012 11:12:15
Aj Lenin go mrazat, aj i nevidenata glupost - CCakalarov da stane Regan, ama zossto be ova anticckive vnuci na Bukefal, go mrzat Meksiko???Poradi Pancco Vilja li???
drsko i nedozvolivo odnesuvanje na vlasta, 09.06.2012 12:52:43
SRAMNO PREIMENUVANJE, SRAMNO! Vo cel svet, edna od glavnite ulici vo glavniot grad go nosi imeto na prviot predsedatel, a kaj nas so Kiro Gligorov kje se imenuva nekoja ulica vo predgradieto! A vo centarot na gradot kje mu se dade ulica na sluchajniot lik, Jordan Mijalkov, bljak! Potoa, kako mozhe ulica so staro ime, Vodnjanska, da se preimenuva? Namesto skoro site ulici da dobijat takvi, neutralni iminja, vmrovskata vlast, pravi preimenuvanje na ulici i menuvanje na istorijata, kako shto napravija komunistite posle 1946-ta? Koja e razlikata pomegju niv?
GO SAKAM SKOPJE, 09.06.2012 14:36:28
Ne poradi SDSM, niti poradi simpatiite i antipâtiite koi gi ima kon partijata vo opozicija i noknata mora , nivniot harizlmaticen Luder, bidets sigurni, BIHACKA NEMA NIKOGASH DA UMRE. Na BIHAC i na *Onoj* cie ime zalsuzuva da bide napishano so zlatni bukvoi, a ne ostaveno bez niedna ulica, ploshtad ili obelezeno znamenito mesto so koe vecno ke mu pokazeme blagodarni, oti bez BIHACka, sega ke bevme Juznosrbijanci ili* Blgari od novite predeli*.A da ne spomnam deka niti vo Prilep i Stip ne ke mozea da se zavrshat studii na majcin makedonski jaszik. Pa poradi seto ovoa, BIHACKA nemoze da umre oti , veke so godini zivee vo nasi i vistonski e vlezena vo istorijata na denesnava(jad i beda od) Makedonija. Sramota e pre samite nas i pred svetot,da plukame po onaa bliska istorija koja sme ja ziveele *odblisku* tolku ubavo ja poznavame.Retki ke bidat onie pomegju nas koi nema da zalat za leninova, Maksim Gorki , Aljende i dr. dodeka Bul Kiro Gligorov ,ke bide negde vo* Pusta Breznica*.Sramota
viki, 09.06.2012 19:06:06
Abe sto umre Bihacka i se rodi Pavel Satev i ne e nesto tolku strasno. Samo se prasuvam koj ke umre za da se rodi Todor Aleksandrov. Kade vi e Mara Buneva, pa Vanco Mihajlov, pa uste neznam koi drugi bogarista koi ke ni ja skrvnarat nasata istorija. Zatoa so pravo Bugarite velat deka ova e bugarska teritorija, a vamu se falat deka prvi ne priznale. Pa i ne moraa. No, tie ne se krivi. Kriva e nasata probugarski orientirana vlada koja si dozvoluva vakvo nesto. Mora li imeto na nekoja ulica da umre za da se rodi drugo ime??? Pa ima tolku mnogu novi zgradi na koi moze slkobodno da im sa dade novo ime. Se razbira nikako bugarsko.
Ајван Доктор®, 10.06.2012 08:59:29
Еве,се обидувам да го откријам значењето за светската литература на проектантот на наопаката приватизација и на ТАТ,Н.Кљусев-Корола,наспроти она на Алексеј Пешков,Максимович!Се обидувам да разберам како може име на улица (дури и на мост)да го носи името на најголемиот крвник на македонскиот народ,бугарскиот офицер за разузнавање Т.Александров,наспроти името на чилеанскиот социјалист Аљенде!Не ми е јасно како,бугарски анархист,П.Шатев,може да го завземе местото на градот во кој се одржа Првото заседание на АВНОЈ,без кое никогаш немаше да постои НР Македонија!Плиткоумноста на овие бладетели се огледа и во промената на името „Водњанска“ (што ли им смета па тоа)и „Мост на Републиката“(изгледа се чудат на значењето на неговото име)!Зошто ли не им ставија имиња на Капетан Кука,Црнобрадиот,на Ориѓанецот што ја откри Америка,но најмногу од сè една каллива улица требаше да се крсти по градомочалникот,или барем да ја нарекоа „Пастиwска“!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 12°C

Среда
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 10 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Венлок маскота на Игрите во Лондон
Негова улога е приближување на Олимпијадата до најмладите и поттикнување на нивниот интерес за занимавање со спорт...
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон
Американците се пожалија дека патувале дури четири часa од аердоромот до своето сместувалиште, додека спортистите на Авс...
Добредојде за првите олимпијци
Лондон ја почна борбата против допингот
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено и��дание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |