Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.07.2012, 19:59

Стартува најголемата гринфилд-инвестиција во Кавадарци

Германската „Лиза Дрекслмајер гмбх“ ќе инвестира над 30 милиони евра и најавува најмалку 4.000 нови работни места

Маја Томиќ

Германската компанија „Лиза Дрекслмајер гмбх“ е подготвена за старт на досега најголемата гринфилд-инвестиција во земјава. Во индустриската зона во Кавадарци, од вкупно закупената површина од 120.000 квадратни метри, на 52.000 ќе биде лоцирана фабриката за производство на кабелска инсталација наменета за автомобилската индустрија. Вредноста на овој инвестициски проект изнесува над 30 милиони евра. Според деловниот план, „Дрекслмајер“ во првите пет години ќе се инвестираат повеќе од 17 милиони евра, а ќе се вработат вкупно околу 4.000 лица. Производството треба да почне во првиот квартал идната година, а многу скоро ќе се стави камен- темелникот на новиот објект.

За таа цел, претставникот на „Лиза Дрекслмајер“, Карл Валнер, и министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, вчера во Владата потпишаа договор за реализација на гринфилд-инвестицијата, во присуство на премиерот Никола Груевски и вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски.

„Тешко е да се дојде до една ваква инвестиција, но среќата го следи упорниот и спремниот. Секој нов проект носи нови лекции, нови предизвици и шанса за нова иднина. Преговорите за влез на оваа компанија во Македонија траат уште од 2007 година. Тоа беше долг период во кој имаше многу контакти, разговори и анализи, роуд шоуа и по сите напори, секако, со голема поддршка на институциите и на Владата, се дојде до овој резултат“, изјави министерот Самак.

„Лиза Дрекслмајер“ ќе произведува за потребите на многу реномирани компании, меѓу кои и германскиот „Дајмлер груп“ во чии рамки е групацијата „Мерцедес“, како и за БМВ и „Ауди“. Според вицепремиерот Пешевски, придобивките од оваа инвестиција се огромни. Освен вработувањата на околу 4.000 лица од тиквешкиот регион и уште толку индиректно, се очекува „Дрекслмајер“ да остварува годишен извоз во вредност од 130 милиони евра, со што ќе се подобри трговскиот биланс на земјава.

„Македонија станува новиот играч на пазарот на инвестиции во регионот. Со оваа инвестиција ќе се отворат најголем број на работни места во поновата историја на Македонија. Ова е одговорот на прашањето што прави Владата во ситуација на криза и невработеност. Додека во цела Европа владее економска криза и се затвораат фабрики, ние носиме нови инвестиции и на тој начин се справуваме со сите ризици на кризата“, посочи Пешевски.

Како што посочи претставникот на „Лиза Дрекслмајер гмбх“, Карл Валнер, инвестицијата на оваа компанија за Македонија ќе значи голема економска преродба. Инаку, оваа фирма веќе има свои фабрики во САД, Молдавија, Кина и Србија.

„Со брз чекор почнуваме едно долго патување. Сите честитки до Владата за упорноста и напорите да се донесе оваа инвестиција која ќе претставува нова иднина и перспектива на граѓаните од многу места и градови од Тиквешијата и пошироко. Се надевам дека ќе работиме со м��тивирани и добри соработници“, рече Валнер.


Статијата е прочитана 919 пати.

Испрати коментар



Склекови за пред камери
Уште еден обид на Нимиц да ги доближи Скопје и Атина
Нов бран во дипломатијата
Тачи во сојуз со Црвенковски
Апетитите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ засега се кријат



Itar Pejo, 17.07.2012 00:13:06
Znaci vaka, kazano so naroden jazik. Germancite ce investiraat 17 milioni a 13 milioni nekoj neidentifikuvan makedonski investitor koj sto ce ja izgradi fabrikata. Znaci germancite ce bidat kiradjii. Ne e kazano dali i za kolku vreme se obvrzani da ostanat vo Kavadarci, a od koga mozat da si ja soberat opremata od 17 milioni i da si odat. Kako Svedimilk! Ne kazano ni kolku luge ce vrabotat! Onie 4000 se perspektiva! So 30 milopni ne se vrabotuvaat 4000 dusi!
ФЕЛИКС, 17.07.2012 06:40:10
Оваа инвестиција докажува и покажува да сепак странскиот бизнис наоѓа свој интерес во РМ.А и што е најважно и невработеноста ќе се намали.Но уште поголемо задоволство е да се читаат јадовите на опозициските коментатори и да се слуша молкот на опозицијата.Сите така јадосани прават,,дупки во водата,, и споредуваат со Сведмилк а забораваат да нивниот медиумски играч и несуден премиер е еден од оние кој дебело го усреќи Сведмилк а усреќувањето имаше репрекусии за унесреќените млекари.Па затоа и се поставуваат безвезни прашања ,,колку ќе седат тука,ептен сомнително малку пари многу вработувања,па ќе биле кираџии на своето оти биле наивни,,и други затемнувања од пусти јад и чемер што ете некој нешто направил и вработил.
Blagoja, 17.07.2012 08:20:04
jas diplomata od ekonomski fak. ke ja vratam ako ovie ekonomisti realiziraat edna vakva investicija, vo avtomobilska industrija 17 milioni evra i 4000 vrabotuvanja, vo tekstilna industrija koja e relativno najeftina kosta 3-5000 evra edno rabotno mesto, a vo avtomobilskata sigurno 10 pati povejke. sto znaci tie 4000 skratete gi za 10 pati, sto e i normalno. imame i drugi takvi investicii vo Bunardzik so po 20-30milijoni i so po 200-300 vraboteni.
citatel, 17.07.2012 08:37:25
Nesomneno ubava vest za site nas. No da ne preteruvame. Nekoi ova go svakaat kako kraj na nasite maki. Zosto ne kazete deka 90 nasto ke bide polikvalifikuvana rabotna sila i kolkavi ke bidat platite na vrabotenite. Taka da toa ne,ma da bide prerodba iako, povtoruvam, nesomneno mnogu pozitiva rabota za nasata ekonomija.
Баба Ката од Секулицу, 17.07.2012 09:46:50
Аман бе ФЕЛИКСЕ!Таа твоја машина наречена компјутер и она тешко заболела од дијареа.На сите весници,на сите статите без твојот коментар не се може.Читаш ли го тоа барем што го пишуваш? И еден бесплатен и пријателски совет. Синко ФЕЛИКСЕ, застани пред огледало и време е, последно време да плукнеш во тоа што го гледаш! Одмори барем два-три дена,за името Господово!
najgolema e TE-TO, 17.07.2012 10:37:07
Skandalozno neznaenje! Izgradbata na Лиза Дрекслмајер гмбх“ NE E NAJGOLEMA grinfild investicija vo Makedonija. Ne e vozmozhno da ne znaete deka najgolemata e centralata TE-TO, koja chineshe 150 milioni evra i vo koja drzhavata nema vlozheno NISHTO, a ne kako ovie grinfild investicii vo Kavadarci so ogromni drzhavni povlastici !
milan, 17.07.2012 23:48:31
Se slagam so Blagoja potpolno. So 30 milioni evra ne e mozno da se otvorat tolku rab. mesta. Vo Zastava, Kraguevac, Fiat investirale MILIJARDA evra i se vraboteni okolu 2,5 iljadi luge. Fabrikata postoese, se investiralo vo prilagoduvanje....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |