20.07.2012, 16:14 Интерпол ќе го истражува нападот во Бургас
Меѓународната полициска организација Интерпол одлучи да испрати во Бугарија своја екипа која ќе помогне во истрагата за нападот во Бургас.
Интерпол соопшти дека испраќањето екипа е по барање на земја-членка на организацијата во случај на кризна ситуација.
Генералниот секретар на Интерпол Роналд К. Ноубол во врска со информациите дека наводниот самоубиец носел фалсификувани документи, вчера изјави дека „од суштинско значење е да се увиди дали некој од овие документи фигурираат во базата на податоци „Изгубени или украдени патни документи“ на Интерпол.
Според бугарските власти напаѓачот-самоубиец патувал со фалсификувана возачка дозвола, издадена во американската држава Мичиген.
Инаку, во меѓувреме, телата на петтемина Израелци кои беа убиени во самоубиствениот напад во Бугарија се пренесени во Тел Авив. Во нападот што се случи пред два дена на аердоромот во Бургас беа убиени седум луѓе, а повредени се повеќе од 30. Покрај израелските туристи загинаа и возачот и атентаторот.
|