19.07.2012, 11:58 Двајца војници на НАТО убиени во Авганистан
Двајца војници на НАТО се убиени денеска во одвоени напади во Авганистан, соопштија Меѓународните сили за поддршка на безбедноста во земјата (ИСАФ).
И двaјцата војници загинале во експлозија на бомби поставени покрај патот. Едниот од нив загинал во источниот, а другиот во јужниот дел на земјата.
Во соопштението не се прецизира националноста на војниците. |